Промоција на романот „Деца“ на Милена Марковиќ во Скопје

September 4, 2024
1 min read

Познатата авторка на драмски текстови, сценарија и поетски книги Милена Марковиќ од Белград, денеска во Скопје ќе има промоција на нејзиниот роман „Деца“, за кој ја освои 68. НИН-ова награда за Роман на годината во Србија во 2021 година.

Книгата преку разговор со авторката ќе ја претстави Јулијана Величковска. Изданието е на ПНВ Публикации и беше поддржано од Министерството за култура на Република Србија, а преводот од српски на македонски е на Сашо Огненовски.

Познатиот новинар и критичар Теофил Панчиќ за романот „Деца“ ќе каже: „Не можам да замислам читател кој по ова дело би можел да излезе непроменет – читањето на оваа книга за секој читател ќе биде егзистенцијално искуство, луѓето ќе паметат кога и каде ја читале оваа книга.“

Писателот Миљенко Јерговиќ, пак, изјави: „’Деца‘ е поема за осуетеното, вечно недовршено растење, моќна, во нашите јазици неспоредлива, најголема книга за женскоста, за мајчинството, ќеркинството и синовството… опасен роман за историјата, за онаа за нас најважна и трауматична, која потекнува од Втората светска војна, продолжува низ осумдесеттите, па деценијата на нашето растење, и нѐ прегазува во текот на деведесеттите.“

Најпознати дела на Милена Марковиќ се сценариото за серијата „Мочуриште“, како и текстовите за претставите „Павилјони, каде одам, од каде доаѓам и што има за вечера“ и „Брод за кукли“, што во моментов се на редовниот реперотар на Народниот театар Битола.

Таа е редовна професорка на Факултетот за драмски уметности во Белград. За нејзините поетски книги ги има освоено наградите: „Борисав Михајловиќ Михиз“, „Милош Црњански“, „Тодор Манојловиќ“, „Билјана Јовановиќ“, „Ѓура Јакшиќ“ и „Перо Деспота Стефана“. Напишала повеќе драми коишто со голем успех биле изведени на домашни и на меѓународни сцени, покрај горе споменатите, се и: „Ливада полна темнина“, „Петте животи на претажниот Милутин“, „Шини“, „Наход Симеон“, „Шумата блеска“, „Жица“ и „Убијци на змејови“.

Добитничка е на специјална награда во Виена за најдобра драма од екс-ју просторите и на три стериини награди за најдобар текст за драмите: „Наход Симеон“ во 2007 г., „Брод за кукли“ во 2009 г. и „Убијци на змејови“ во 2015 г.

Наградени се и нејзините сценарија за играните филмови: „Утре наутро“ (2006), „Бел, бел свет“ (2010) и „Татковина“ (2015), како и за
документарниот филм „Рударска опера“ во 2005 г.

Промоцијата е закажана за во 20 часот во бифето на Младинскиот културен центар ‒ Скопје.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА ПЕЈАЧОТ НА „РИБЉА ЧОРБА“ БОРА ЃОРЃЕВИЌ

Следно

ВРЕДИ: Владата дава 34,5 милиони евра за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“

Latest from Blog

Избран е најубавиот гол на Мундијалот (ВИДЕО)

Светската јавност немаше дилеми околу тоа кој е најубавиот гол на штотуку завршениот Мундијал во САД, Мексико и Канада, а сега истиот доби и официјализација. Стрелецот на најубавиот гол на турнирот и

Поранешниот претседател на Хондурас се врати дома- клекна на пистата и се помоли (ВИДЕО)

Ернандез, кој отслужи два последователни мандати како претседател на Хондурас од 2014 до 2022 година, слета со приватен авион на Меѓународниот аеродром Палмерола, околу 60 километри северозападно од главниот град Тегусигалпа, објави

Виолета Томовска осум часа била затрупана под урантините од скопскиот земјотрес, копала со раце за да се спаси

Виолета Томовска едвај останала жива за време на скопскиот земјотрес во 1963. Фолк дивата осум часа била затрупана во урнатините заедно со својот братучед, познатиот музичар диригент и композитор Љупчо Мирковски. Мирковски

Италија има голем список, еден куп имиња се опција по фијаското со Пирло

ФОТО: FC Juventus/FB По неуспешното назначување на Андреа Пирло за селектор на Италија, новото раководство на федерацијата има голем број опции за испразнетото место, тврди популарниот новинар Николо Скира, иако до сега

Поранешниот претседател на Јужна Кореја е осуден за лажење во изборната кампања

Доколку пресудата биде потврдена по жалба, може да ја принуди партијата на Јун да врати околу 27 милиони долари, или 39,7 милијарди јужнокорејски вони, што ги доби од Националната изборна комисија по
Go toTop