Кадровските решенија во Историската комисија со Бугарија не биле на дневен ред на денешната владина седница

September 3, 2024
1 min read

На денешната владина седница не е разговарано за кадровските решенија во Историската комисија со Бугарија. За тоа, како што најави премиерот Христијан Мицкоски, ќе се разговара на некоја од следните седници. 

– Денеска на владина седница не беше на дневен ред Комисијата. Претпоставувам на некоја од наредните седници ќе се најде истата со новиот предложен состав, рече Мицкоски.

Мицкоски во изјава дадена на 26 август најави кадровски промени во Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. Според премиерот, актуелниот состав на Комисијата од македонска страна не ги оправдала очекувањата и не ги штитела националните интереси. 

Во однос на изјавите на претседателот на Комисијата Драги Георгиев, премиерот рече дека Георгиев самиот себеси се компромитирал. 

– Г. Георгиев сум го коментирал многу пати во минатото и жалам што тој самиот себе се компромитираше, немаше потреба никој да го компромитира изминативе години коленичејќи пред министерски и премиерски кабинети наместо да си ја гледа работата. Но, тоа е негов избор, рече Мицкоски.

Во однос на иницијативата за Законот за јазиците што треба да ја разгледа Уставниот суд, Мицкоски повтори дека станува збор за судска одлука и дека секој треба да ја почитува. Да почекаме да се произнесат, да не се врши пристисок врз судските истанци, рече Мицкоски.

– Законот е поднесен во рамки на Уставниот суд. Да почекаме да се произнесе. Не знам зошто се прави овој притисок. Јас разбирам дека ДУИ, луѓето кои изминативе 20-ина години заробија низа од институциите, од голтари станаа милионери, ќе се обидат да манипулираат дел од нашите сограѓани со етнички теми, па некои од нив се дрзнаа дури и со верски теми да собираат, да манипулираат и ова им е одлична тема на тој начин да манипулираат. Но, тоа што го направиле тие е прашање на кое што тие треба да одговорат. Затоа, би апелирал до јавноста да не вршиме притисок на судските истанци, да не вршиме притисок на Уставниот суд, да почекаме Уставниот суд да се произнесе. Не сакам да верувам дека постои граѓанин во Македонија којшто нема да почитува судска одлука. Ние сме држава која што се темели на владеење на право. Може да се подобруваат и носат нови закони, може се да се прави, но во рамки пред се на Уставот и интересот на граѓаните. Вистинското прашање е зошто тие што го донеле тој закон потенцијално донеле закон којшто е неуставен, а вратете се назад и погледнете го мислењето на Венецијанската комисија и уште тогаш ќе го добиете одговорот на оваа дилема, изјави Мицкоски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крстевски: Сакаме позитивни резултати од следните два меча во квалификациите

Следно

Судан се соочува со криза со глад од историски размери, алармираат хуманитарните организации

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop