ВО ШВЕДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ВО СТОКХОЛМ ЌЕ СВИРИМЕ ДЕЛА ОД МАКЕДОНСКИ КОМПОЗИТОРИ, ВЕЛАТ ОД ГИТАРСКОТО ДУО „ДЕНИЦИЈА“

September 3, 2024
1 min read

Македонското гитарско дуо ќе настапи во шведскиот Парламент на 17 септември во рамки на прославата на 8 Септември, Денот на независноста на Македонија. Анастасија Милеска и Александар Андријевски ќе свират дела од македонски композитори. „Дениција“ настапува по покана на македонскиот амбасадор во Стокхолм, на настан организиран од парламентарната група за шведско-македонско пријателство во која членуваат пратеници од сите партии застапени во шведскиот Парламент.

„Голема благодарност до амбасадорот Џенк Сејфула за поканата да отсвириме целовечерен концерт во Шведскиот парламент. На програмата ќе се најдат дела од композиторите Панде Шахов, Дарија Андовска, Ангел Спироски, Ана Пандевска, Филип Иванов и Вања Николовски-Ѓумар. Композициите се дел од нашиот проект за збогатување на македонското творештво за класична гитара и се искомпонирани за нашето дуо“, велат од дуото „Дениција“.

Анастасија Милеска и Александар Андријевски се познаваат од средношколските денови. И двајцата биле во гитарската класа на професорот Дарко Багески, во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“. Како дуо „Дениција“ започнале активно да одржуваат концерти од 2018. Милеска започнала да ја изучува класичната гитара  во класата на професорот Александар Крстаноски, а Андријевски кај Љубиша Кушевски. Двајцата се победници на повеќе интернационални натпревари за гитара.

„Александар е во Германија од 2015, а јас му се придружив една година подоцна. Тука ги завршивме нашите додипломски и постдипломски студии на Факултетот за музика и танц во Келн, во класата на професорот Герхард Рајхенбах. Моментално и двајцата предаваме гитара во државни музички училишта во Хам и Радеформвалд“, вели Анастасија Милеска.

Освен што често одржуваат концерти, Милеска и Андријевски велат дека со големо задоволство предаваат класична гитара на ученици од најразлична возраст и одржуваат мастер-часови на гитарски фестивали.

„Од оваа година сме организатори на Летната гитарска школа Охрид, која се одржа овој јули во Охрид, и со нетрпение го очекуваме следното издание напролет во 2025“, ни рече Милеска.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ирска трета година по ред се соочува со истиот проблем – како мудро да се искористи вишокoт пари во државниот буџет

Следно

Синтезис најавува спектакуларен концерт по повод 30 годишниот јубилеј

Latest from Blog

Пресврт: Сепак ништо од предавањето на оружјето?

Палестинското милитантно движење Хамас успеа да отстрани од својот предложен план за преминување во втората фаза од планот за Газа формулирања што би можеле да се протолкуваат како барање за предавање на

Попладнево итно опериран Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, попладнево итно е опериран во Клиничката болница „Систина“ дознава 24инфо. Според првичните информации, станува збор за оперативен зафат поврзан со карцином. Повеќе детали за неговата

Барана стока за време на Мундијалот…. Мексико заплени три тони кокаин

Очигледно дека огромниот број на туристи односно навивачи кои што пристигнаа во Мексико, САД и Канада по повод Мундијалот, потикнаа многу бизниси, легални но очигледно и нелегални. Мексиканската полиција соопшти дека за

Мицкоски: Ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да биде кандидат за претседател на државата, нагласувајќи дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата кон нова убедлива победа на
Go toTop