Путин пристигна во Монголија, која може, но нема, да го апси

September 2, 2024
1 min read

Руската телевизија јави дека претседателот Владимир Путин денеска пристигна во Монголија, што е негово прво патување во земја членка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), откако беше распишана потерницата против него.

МКС и украинските власти ја повикаа Монголија да го уапси Путин, кого судот го бара поради сомнение за нелегална депортација на украински деца во Русија, но портпаролот на руското претседателство, Дмитриј Песков, минатата недела изјави дека Кремљ нема причина за загриженост во поглед на ова прашање.

Тој додаде дека „сите аспекти од посетата биле внимателно подготвени однапред“. Како и сите други земји-членки на Римскиот статут, кој го основа МКС, „Монголија има обврска да соработува со овој суд“, изјави неговиот портпарол Фади ел-Абдалах.

Доколку една земја-членка не ги исполни своите обврски кон МКС, тој суд може да го упати случајот до собранието на земјите-членки кои се состануваат еднаш годишно, но проблемот е што потенцијалните санкции всушност се ограничени на усно предупредување.

Тоа го поткрепува и фактот што во минатото во земјите потписнички на Римскиот статут патувале и други лица по кои овој суд издавал потерници, како што е поранешниот судански диктатор Омар ал-Башир, без никој да ги попречува.

Монголија го потпиша Римскиот статут во 2000 година, а потоа го ратификуваше во 2002 година. Монголија се наоѓа на трасата на планираниот нов гасовод што ги поврзува Русија и Кина.

Со години Русија преговара за изградба на гасовод кој годишно ќе пренесува 50 милијарди кубни метри природен гас низ Монголија од рускиот регион Јамал до Кина. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ТФТ организатор на меморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“

Следно

Герапетритис: Работиме за дигитализација на услугите на влезните и излезни точки од Грција

Latest from Blog

Лазаров синдром: Докторите го прогласиле за мртов, се разбудил по 30 минути и ги шокирал сите

Мажот доживеал два срцева удари и покрај повторените обиди за реанимација, не покажал знаци на живот, па медицинските лица решиле да го прогласат за мртов и да ги повикаат погребалните служби, објавува

ЛШ: Лудило во Торино за 4:4, Реал со два пенали до победа, историска сензација на Карабах (ВИДЕО)

Со два гола од белата точка на Мбапе, Реал Мадрид го доби дербито на вечерта во Лигата на шампионите против екипата на Олимпик Марсеј на „Сантијаго Бернабеу“. „Кралевите“ славеа со 2:1 во

Муцунски ги пречека Престон Лајонс – промотори на македонската култура и традиција

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски му посака Добредојде на фудбалскиот клуб од Австралија – Престон Лајонс. -Вечерва во Скопје имав чест, веднаш по слетувањето, да го пречекам тимот на Престон Лајонс

ФИФА ќе им исплати 355 милиони долари на клубовите кои имаат репрезентативци во квалификациите за СП 2026

ФОТО: FIFA.COM Секој клуб што има свои играчи во националните тимови за квалификациските натпревари и за Светското првенство ќе добие финансиска компензација од фонд вреден 355 милиони долари, што е дел од
Go toTop