Мицевски: Антидатирање на документи е кривично дело

February 11, 2023
1 min read

Антидатирање на документи е кривично дело, кое што владата на Ковачевски во ситуација на брзање ги прави, за спас на своите фотелји, бизниси, тендери и кариерата на Артан Груби, пишува на Фејсбук, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Посочува дека во спортот ова се вика „грешка во чекори“.

-Но да одиме по ред.

– Во текот на вчерашниот ден од владата информираа дека составот на Владата е договорен и испратен до Собрание (тоа беше единствената лиферувана вест, која ја објавија сите медиуми).

– Утрово од Владата информираа дека е пуштен предлог составот на Влада до Собрание со нивите предлози.

– Но потоа следуваа прашањата од новинари и колегата А. Милошоски, дали досегашните министри си дале оставка или се разрешени?

Е од тука трга заплетот во двете институции!

Имено пред само еден час ни се испрати материјал на е-парламент, за предлог состав на нова влада , т.е. разрешување на министри и заменици министри и за чудо документот од премиерот Ковачевски е со датум 10ти т.е од вчера!

Па прашањето ми е следно:

-Дали Владата или секторот за односи со јавност во Влада во текот на вчерашниот ден, половично ја информирала јавноста и медиумите или некој денес наогајќи се во „офсајд позиција“ направи класична „грешка во чекори“ и мораше да антидатира документи?

Како и да е, заклучокот е следен.

Криво насадено дрво-криво и ќе расте.

Хаотичниот обид за спас на Владата на СДСМ и кариери на „испеани“ политичари, е еден од последните непринципиелни маневри на оваа антинародна власт.

Народот ви го виде умот и ви ја зеде мерката, а резултатот ќе ви го испорача за многу брзо време.

А со резултатот доаѓа и одговорноста.

Одговорноста и за „антидатирањето“ и за криминалот , за сите антидржавни чекори и за сите штети и погрешни политики со кој го лажете и манипулирате на овој напатен и мирен Македонски народ, пишува Мицевски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Белгискиот европратеник Тарабела во притвор за корупцискиот скандал во ЕП

Следно

За в понедeлник закажана собраниската седница за реконструкција на Владата

Latest from Blog

Николовски: Изготвен нов Царински закон

„Царинската управа го изготви предлог текстот на новиот Царински закон, усогласен со Царинскиот закон на ЕУ, којшто очекуваме да стапи на сила до крајот на оваа година. Суштината на Законот е подобрување

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија ќе биде осветлено во црвена и жолта боја, боите на македонското знаме, од вечер во 20:00 часот, до вторник наутро во 6:00

Дуплантис за 12. светски рекорд: Имав голем притисок да победам пред баба ми

Двократниот олимписки шампион, шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис се осврна на својот 12-ти светски рекорд во скок со стап. Дваесет и петгодишниот спортист се истакна на сцената на Дијамантската лига во Стокхолм, покажувајќи
Go toTop