Лефков: Бисера Антоанета летала со владин авион за Црна Гора, чекала 2 дена пред настан за да има оправдување да бара државен авион, наместо да оди со службено возило

September 2, 2024
1 min read

Бисера Антоанета одела од крајност во крајност. Од резервирање на авионски карти кои никогаш не ги искористила, а ги платила со народни пари, до немавремено планирање на патувања, за кои потоа морала да ангажира владин авион да ја носи, рече на денешната прес конференција пратеникот Миле Лефков.

Како навлегуваме во материјалите и раскалашеноста на Бисера Антоанета сфаќаме зошто државата е ограбена и зошто СДС всушност се бореле по секоја цена да останат на власт. Бисера Антоанета живеела во раскош. Таа ангажирала владин авион да ја носи до Цетиње во Црна Гора на настан. Имено за свои потреби министерката за култура поради ненавремено планирање на однапред дефинирана конференција во Цетиње, Црна Гора или од други побуди на 14.12.2022 испраќа допис до СОЗР за користење на владиниот авион за да на 16.12.2022 година да стигне во Црна Гора и за таа намена платила фактура кон СОЗР во износ од 102.347 илјади денари или 1664 евра. Како е можно Бисера Антоанета и нејзиниот кабинет да немале време да го испланираат патувањето, кога поканата во нејзиниот кабинет стасала на 02.12.2022 година. А таа реагирала дури 12 дена подоцна. Што правела Антоанета 12 дена, дали чекала да дојде период од 2 дена пред настан за да има оправдување да лета со владиониот авион? Зошто наместо со владин авион Бисера Антоанета не заминала на службен пат во Црна Гора службено возило? Патувањето со службено возило е далеку поекономично, а со оглед на тоа дека се работи за кратка дестинација, не одзема ниту време, истакна Лефков од партиската говорница.

Бисера Антоанета мора да одговори дали чекала да поминат 12 дена од пристигање на поканаата за да може да побара од СОЗР да го користи владиониот авион 5 до 12, и тоа само од лични побуди?  Дали државата била жртва на личните каприци на Бисера Антоанета? Прашува пратеникот Лефков.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од унгарскиот кредит нема абер, Владата ќе се задолжи преку државни записи од 65 милиони евра

Следно

Русија со 35 проектили и 23 беспилотни летала ја нападна Украина во текот на ноќта

Latest from Blog

Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга

Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга, раскажуваат очевидци на настанот за Инфомакс. Лицето М.Т, полицаец во сообраќајна полиција во Струга, на 5 јули половина час по полноќ во населбата Езерски Лозја,

БЕСПЛАТНО ПАРКИРАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПАРКИРАЛИШТА ЗА ЛИЦА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР

Советот на Општина Битола на денешната седница донесе Одлука за бесплатно паркирање на јавните паркиралишта на ЈП „Паркинзи“ за лица со аутистичен спектар. Повластената паркинг карта може да ја користат на следните

Николоски: Македонија воведува нов систем – 15 институции на едно место за побрз увоз и извоз

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информира дека започнува имплементацијата на новиот Национален едношалтерски систем, кој треба да донесе значително олеснување за компаниите и поефикасни процедури при увоз, извоз

Танкер бил погоден од проектил додека пловел во близина на Ормутскиот теснец

Повикувајќи се на неименуван американски функционер, „Волстрит џурнал“ објави дека корпусот на исламската револуционерна гарда на Иран отворил оган врз два комерцијални брода во близина на теснецот. „Аксиос“, објави дека Иран испукал
Go toTop