Русија: Пронајдени остатоци од исчезнатиот хеликоптер и 17 тела

September 1, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Пронајдени се остатоците од цивилниот хеликоптер Ми-8, кој исчезна вчера на крајниот исток на полуостровот Камчатка во Русија, во кој се наоѓале 22 лица заедно со членовите на екипажот. Руското Министерство за вонредни ситуации информираше дека се пронајдени телата на 17 лица и дека спасувачите ја продолжуваат потрагата по преостанатите лица што се наоѓале во хеликоптерот, пренесува Анадолу.

„Се претпоставува дека се мртви сите лица што се наоѓале во хеликоптерот“, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, цитирајќи го Министерството за вонредни ситуации. Во веста се вели дека хеликоптерот најверојатно се урнал од слаба видливост поради лошите временски услови.

„Од воздух се откриени остатоците од претходно исчезнатиот хеликоптер. Тој се наоѓа на надморска височина од 900 метри во близина на местото каде што последен пат бил контактиран“, објави на Телеграм Министерството за вонредни состојби.

Хеликоптерот Ми-8 полетал во саботата во близина на вулканот Вачкажец во регионот Камчатка, но не стигнал до својата дестинација според планираното, објави претходно руската Федерална агенција за воздушен транспорт.

Во соопштението се наведува дека се верува дека во хеликоптерот имало 19 патници и тројца членови на екипажот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од утре редуциран автобуски превоз во Скопје, од Владата децидни- на скопјани им треба брзо решение

Следно

Неделков: СОНК нема донесено одлука за порадикални мерки

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на

Македонскиот рубин пред меѓународна промоција, се подготвува сертификат за неговото потекло

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита и меѓународна промоција, со подготовка на систем за сертификација и утврдување на јасни критериуми за неговото потекло и автентичност. Министерството за енергетика, рударство и

Се забрзува изградбата на пругата кон Бугарија: Делницата Бељаковце – Крива Паланка стигна до 40%

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, информира дека во моментов интензивно се работи на мостот број 7, кој со должина од 194 метри е најдолгиот мост на оваа делница. Делницата е долга

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

Реномираната британска Master of Wine со долгогодишно искуство со вината од Источна Европа и Балканот посети пет македонски семејни винарии. Македонското семејно винарство доби значајна можност за директна размена на знаење и
Go toTop