Неделков: Очекувањата на сите вработени во дејноста образование е да се покачат платите во септември

September 1, 2024
1 min read

Основната плата без никакви додатоци во основното образование е некаде 33 500 денари во средното е 34 600 денари. Тоа се основните плати кои се релативно ниски во однос на другите плати и во регионот, а и во однос на други дејности на некои други дејности кои отстапуваат од дејноста образование така што сметаме дека како важна гранка во општеството образованието вработените треба многу многу повеќе да имаат плати.

Пропорција меѓу ученици и наставници во Македонија е 1:9, а просекот во Европската Унија е 1:19, Значи имаме скоро дупло повеќе вработени. Тоа не значи дека тие сите се вишок и треба да си заминат дома, со оглед на тоа што имаме рурални средини и за неколку ученици мора да доаѓаат наставници особено од петто до деветто каде има предметни наставници.

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков вели дека немаат донесено одлука за порадикални мерки како протести или штрајк и дека ќе бидат конструктивни како социјални партнери. Очекуваат до средината на септември да се заокружат преговорите во однос на зголемувањето на платите.

-Тоа што сите во јавниот сектор го добија во мартовската плата 2024 година, а тоа е усогласувањето на платите согласно закон со минимална плата, СОНК или просветните работници го добиваат во септември што значи во законскиот рок од март до септември односно во рок од шест месеци треба да се усогласиме и очекувањата на сите вработени во дејноста образование е да се покачат платите или да се усогласат што е поточно, вели Неделков во интервју за Радио Слободна Европа.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Следно

Од утре редуциран автобуски превоз во Скопје, од Владата децидни- на скопјани им треба брзо решение

Latest from Blog

Општина Битола: Градот влегува во нова развојна ера со 180 проекти

Општина Битола објави преглед на реализацијата на 180 проекти наменети за развој и унапредување на градот. Според податоците прикажани во општинскиот инфографик, досега се завршени 62 проекти, што претставува 34 проценти од

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на

Македонскиот рубин пред меѓународна промоција, се подготвува сертификат за неговото потекло

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита и меѓународна промоција, со подготовка на систем за сертификација и утврдување на јасни критериуми за неговото потекло и автентичност. Министерството за енергетика, рударство и
Go toTop