Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон и ги додели пехарите

August 31, 2024
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон, чиј покровител е претседателот на државата.

Во машка конкуренција прв до целта стигна бразилецот Матеус Еванжелиста за 5 часа, 45 минути и 5 секунди, а французинката Каролин Жуис е победничка во женска конкуренција, која патеката „Климе Савин“ ја исплива за 5 часа 46 минути и 51 секунда.

Доделувајќи ги пехарите на годинашните победници на Охридскиот маратон, претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до првопласираните пливачи и до сите останати натпреварувачи на маратонот, посакувајќи им добро здравје и уште многу натамошни спортски успеси.

Претходно, претседателката ја посети работилницата на средношколците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, која се одржува за времетраењето на Охридскиот пливачки маратон, на кејот на Охридското езеро.

Младите ја запознаа претседателката со нивните годинашни проектни активности со цел заштита на екосистемот и ендемските видови во Охридското Езеро и разменија мислење со неа за нивните креативни идеи и заложби во насока на преземање на итни мерки за заштита на животната средина и уникатниот екосистем на Охридското Езеро.

На годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон учествуваа деветнаесет пливачи од девет држави, единаесет во машка и осум во женска конкуренција.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ние сме за плата, а тие за политика: Опозицијата сака да ги политизира протестите за платите на наставниците, СДСМ нема поддршка од синдикатите!

Следно

Јаневска: Повиците за протестот доаѓаат од СДСМ- партија која имаше можност да го подобри статусот на наставниците

Latest from Blog

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила

Проданоски: 84 години од Дабничкиот масакр – жртвите не смеат да бидат заборавени

По повод 84-годишнината од Дабничкиот масакр, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оддаде почит на 18-те прилепчани кои биле убиени кај Дабница на 19 септември 1942 година. Проданоски порача дека Дабница е едно
Go toTop