Неделков: Членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести

August 31, 2024
1 min read

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков денеска ги повика членовите на синдикатот да не учествуваат на протест, без разлика кој го организира, освен на активности на кои СОНК е организатор.

Во изјавата за МИА тој појасни дека синдикатите си ја работат својата работа и нагласи дека секое мешање на политичките партии во образованието е очигледно и може да биде контрапродуктивно.

– Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, како најголем синдикат за образование и наука, во кој членуваат над 20.000 просветни работници, се оградува од секаков вид на политички влијанија и дејствија во образованието. Во период на интензивни преговори за изнаоѓање решение и средства за подигнување на социјалниот статус на вработените во образованието, делувањето на политичките партии и преземањето на улогата на синдикатите, упатува на купување на ситни политички поени и може да има сосема спротивен ефект, се вели во објавата на Неделков на Фејсбук, која е споделена и на Фејсбук страната на СОНК.

Според СОНК, политичките партии имаа и имаат можност да докажат колку се загрижени за просветните работници, а тие знаат тоа најдобро да го оценат.

– СОНК ќе продолжи да делува со сите расположиви синдикални средства во натамошниот период, се до остварувањето на својата цел. Членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести и строго ќе внимаваат на мешањето на политиката во синдикатот, се наведува во објавата на Фејсбук.

СДСМ денеска на прес-конференција најави дека преку Комисијата за образование утре ќе организира собир на наставници и просветни работници. Собирот под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите!“ ќе биде пред Министерството за образование и наука во Скопје, со почеток во 11:30 часот.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, на прес-конференција соопшти дека се врши злоупотреба на наставниците и апелираше просветните работници да не подлегнуваат на притисоци на опозицијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Влада: На Скопјани им треба брзо решение, она што го бара Арсовска е набавка што трае година до година ипол

Следно

Оливера Наковска-Бикова осма во воздушен пиштол на игрите во Париз

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека

Општина Битола: Градот влегува во нова развојна ера со 180 проекти

Општина Битола објави преглед на реализацијата на 180 проекти наменети за развој и унапредување на градот. Според податоците прикажани во општинскиот инфографик, досега се завршени 62 проекти, што претставува 34 проценти од

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на
Go toTop