СПАСЕНО ПЕТЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО КОЕ 5 ДЕНА БЕШЕ ЗАТРУПАНО: Над 25 илјади војници ангажирани по земјотресите во Турција, смртниот биланс над 21 илјада

February 11, 2023
1 min read

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека 25.067 припадници на турските вооружени сили се распоредени во подрачјата погодени од земјотресите на југот на Турција, јавува Анадолија.

Акар истакна дека 63 авиони, преку коридорот за воздушна помош, во регионот превезле 9.780 експерти и 625 тони опрема.

Тој додаде дека припадниците на турските сили придонесуваат во операциите за пребарување и спасување и во обезбедувањето медицинска помош.

-За краток временски период воспоставивме коридор за воздушна помош, рече Акар.

Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека бројот на загинати во Турција се искачи на 21.043 лица.

Ердоган најави дека ќе преземе конкретни чекори за да започне со обнова на градовите во тешко погодениот југоисточен регион за неколку недели, велејќи дека стотици илјади згради се уништени во јужна Турција.

Ердоган ги осуди оние кои ограбувале или извршиле други злосторства во подрачјата погодени од земјотресот и најави најстроги казни.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија во понеделникот јужните делови на Турција со епицентар во Кахраманмарас, а бројни спасувачки тимови се уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Денеска спасувачките екипи во пограничниот град Нурдаг во турската провинција Газиантеп извлекоа на безбедно петчлено семејство кое преживеа пет дена по катастрофалниот земјотрес, затрупано во урнатините на нивниот дом.

Спасувачите прво ги извлекле мајката и ќерката Хава и Фатмагул Аслан од купот урнатини, а кога стигнале до таткото на семејството, Хасан Аслан, тој инсистирал прво да бидат спасени неговата втора ќерка Зејнеп и синот Салтик.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Викенд шаховски турнир во Карпош

Следно

Љутков: Оваа година 5 милиони евра помалку за култура во годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес

Latest from Blog

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април откако денеска во Основен Кривичен суд Скопје сведочеше обвинетиот Љупчо Палевски. Следното рочиште треба да продолжи со вкрстени прашања од Обвинителството

Мировен план на Трамп за Украина и Русија

Според планот на Трамп, Русија ќе задржи повеќето од освоените територии, а Москва ќе мора да се повлече од две помали области, каде Украина би ја вратила контролата и би имала непречен

Ќе ги замени ли вештачката интелегенција работните места во повеќе професии?

Може ли вештачката интелегенција да ги замени работните места во повеќе професии? Вештачката интелегенција станува хит во светот и сè повеќе се користи од помладата популација. Но, колку употребата на истата може

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ: Млад фудбалер почина на загревање пред натпревар

Синамандла Зонди, 22-годишен фудбалер на јужноафриканскиот клуб Дурбан Сити, почина откако му се слоши за време на загревањето во пресрет на тамошниот првенствен натпревар од втората лига. Без какви и да е

Николоски на средба со Герет Томас: Во фокусот економската и стратешка соработка помеѓу двете земји

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николовски во рамки на дводневната посета на високо ниво на Обединетото Кралство денеска оствари работна средба со Герет Томас, министер за економија и извоз
Go toTop