Означен стартот на 37- Охридски пливачки маратон

August 31, 2024
1 min read

Сите 19 пријавени пливачи точно во 11 часот запливаа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 37-миот меѓународен Охридски пливачки маратон.

Деветнаесетте маратонци, осум во женска и единаесет во машка конкуренција, ќе треба да ја испливаат 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид.

Стартот на трката го означи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во присуство на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова.

Покрај маратонците од Франција, Холандија, Бразил, Хрватска, Аргентина, Данска, Турција и Косово, во водите на езерото боите на Македонија ќе ги бранат Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски, како и Росана Гошева.

Температурата на водата е просечно околу 24,5 степени Целзиусови, но моменталните временските услови со засилен ветар од северозападен правец секако не оди во прилог на пливачите, така што во такви услови за да стигнат до целта ќе им бидат потребни повеќе од пет и пол часа.

Наградниот фонд на маратонот изнесува дванаесет илјади евра, од кои две илјади за најдобрите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови.

Маратонот и оваа година е завршниот настан на Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид, со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор е ПК „Охридски бранови 2008“ од Охрид.

Охридскиот пливачки маратон континуирано се одржува од 1992 година, а првиот официјален маратон во Охрид се одржа во 1962 година на патеката Пештани – Струга – Охрид во должина од 36 километри. Победник на првиот маратон беше Египќанецот Абу Хеиф, третото место му припадна на охриѓанецот Дики Бојаџи, додека во женска конкуренција победи неговата сестра Атина Бојаџи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дурмиши потврди дека ќе се намали данокот на најбогатите компании, од кои три се банки

Следно

Русија: Огромен пожар избувна во административна зграда во центарот на Москва

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на

Македонскиот рубин пред меѓународна промоција, се подготвува сертификат за неговото потекло

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита и меѓународна промоција, со подготовка на систем за сертификација и утврдување на јасни критериуми за неговото потекло и автентичност. Министерството за енергетика, рударство и

Се забрзува изградбата на пругата кон Бугарија: Делницата Бељаковце – Крива Паланка стигна до 40%

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, информира дека во моментов интензивно се работи на мостот број 7, кој со должина од 194 метри е најдолгиот мост на оваа делница. Делницата е долга

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

Реномираната британска Master of Wine со долгогодишно искуство со вината од Источна Европа и Балканот посети пет македонски семејни винарии. Македонското семејно винарство доби значајна можност за директна размена на знаење и
Go toTop