Доставен предлогот за владина реконструкција: Ковачевски ја соопшти утрешната одлука на Алтернатива?

February 11, 2023
2 mins read

Дали вака доставениот предлог до Собранието, според кој Алтернатива ги губи двата ресора што ги раководи во моментот, ја прави беспредметна најавата дека оваа партија утре ќе соопшти дали ја напушта Владата или се можни поместувања во последен момент? За Собранието да избере нови министри во одредени ресори, или треба да ги разреши досегашните или тие треба да поднесат оставки, а парламентот да ги констатира. Во владиното соопштение нема информација дали премиерот Ковачевски предложил и разрешување на некои министри

Премиерот Димитар Ковачевски и официјално го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата.

За ова претпладнево преку соопштение информираа од владиниот прес-центар, наведувајќи ги новите кадровски решенија, според кои, нови шефови ќе добијат четири владини ресори (министерствата за здравство, правда, информатичко општество и администрација и животна средина и просторно планирање).

Во пет ресори, пак, предложени се нови заменик-министри.

Според предлог-кадровските решенија, Алијанса за Албанците добива три министерски и две заменик-министерски места во реконструираната влада.

За прв човек на Министерството за здравство е предложен Фатмир Меџити од Алијанса за Албанците, кој би дошол на местото на актуелниот министер Беким Сали од Алтернатива.

За министер за правда е предложен Кренар Лога од Алијанса, кој би го заменил досегашниот министер на овој ресор, Никола Тупанчески од СДСМ.

Според предлог-кадровските решенија, Азир Алиу од Алијанса би ја добил челната позиција во Министерството за информатичко општество и администрација. Овој ресор во моментов го води Адмирим Алити од Алтернатива.

За министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање е предложена Каја Шукова од СДСМ на местото на актуелниот министер Насер Нуредини од ДУИ.

Освен кај министерските позиции, промени се предложени и кај заменик-министерските. Па така, во реконструираната влада, Алијанса за Албанците покрај челните позиции во три министерства добива и две заменик-министерски позиции.

Според предлогот за реконструкција на Владата, за заменик-министер во Министерството за одбрана е предложен Тирон Јајага од Алијанса за Албанците кој би го заменил Башким Хасани од ДУИ.

Вјолца Бериша од Алијанса за Албанците е предложена за заменик-министерка во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

На заменик-министерската позиција во Министерството за правда, пак, е предложена Викторија Аврамовска-Мадиќ од СДСМ која би дошла на местото на актуелниот заменик-министер Агим Нухиу од ДУИ.

За заменик-министерка на ресорот здравство е предложена Маја Манолева која би дошла на местото на Владимир Рендевски.

Актуелниот заменик-министер за правда Агим Нихиу, пак, е предложен за заменик-министерската позиција во Министерството за образование и наука со која во моментов раководи Лулзим Алиу.

Дали вака доставениот предлог до Собранието, според кој Алтернатива ги губи двата ресора што ги раководи во моментот ја прави беспредметна најавата дека оваа партија утре ќе соопшти дали ја напушта Владата или се можни поместувања во последен момент, засега е неизвесно. За Собранието да избере нови министри во одредени ресори, или треба да ги разреши досегашните или тие треба да поднесат оставки, а парламентот да ги констатира. Во владиното соопштение нема информација дали премиерот Ковачевски предложил и разрешување на некои министри. Алтернатива, во актуелниот владин состав, има и министер без ресор (задолжен за дијаспора), Џемаил Чупи. Нема информација дали е предложено негово разрешување.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Вершинин: Русија е подготвена за преговори со Украина, но врз основа на постоечката реалност

Следно

По соборувањето на балонот, САД ставија шест кинески компании на „црната листа“

Latest from Blog

Орландо Блум прв пат јавно проговори за раскинувањето со Кети Пери, откри какви им се односите (ВИДЕО)

Додека беше гостин во шоуто „Тудеј“, 48-годишниот актер истакна дека е благодарен за сè и дека тој и Пери секогаш ќе бидат поврзани поради нивната петгодишна ќерка, Дејзи. Додека го промовираше „The

Птица снесе јајце во центар на теренот- ќе нема натпревари цел месец (ВИДЕО)

Фудбалерите кои пристигнаа на натпревар во регионалниот спортски комплекс Џерабомбера минатиот викенд беа пренасочени кон друг терен откако птицата лишка положи јајце во централниот круг, објави Дејли Меил. „Лишка положи јајце на синтетичкиот фудбалски

СИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УБИЕНИ, повикува блокадерка на масакр на полицајци во Нови Сад (ВИДЕО)

За време на вклучувањето на Жаклина Таталовиќ на Н1, во етерот се емитуваше вистинската слика и изјава од блокадерка, која вреска дека сите полицајци треба да бидат убиени. Таталовиќка ѝ се приближува

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и
Go toTop