Николоски: 200.000 нови патници во Македонија со новата финансиска поддршка за нови авио дестинации

August 29, 2024
1 min read

„Следната недела планираме да распишеме нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авио дестинации за периодот од јануари 2025 до декември 2027 година, преку нова Уредба со која ја зголемуваме финансиските поддршка на 375 милиони денари и очекуваме да привлечеме дополнителни 200 илјади нови патници во Македонија“, истакна на денешната прес-конференција, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Министерот Николоски потенцираше дека претходната програма за финансиска поддршка не ги дала очекуваните резултати и поради тоа се менуваат критериумите во јавниот повик со што значително се очекува да се подобри авиосообраќајот во земјата. Оваа програма нема да се фокусира на една авиокомпанија како досега, туку ќе го поддржи концептот на отворање на нови дестинации и тоа со повеќе авиокомпании.

„Ги ревидиравме условите за да привлечеме што повеќе странски патници во земјава, нови туристи и секако да ја поврземе Македонија со нови дестинации. Имено покрај зголемување на финансиската поддршка, еден од условите е авиокомпаниите да имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 и остварен профит од најмалку 10 милиони евра во 2023 година. Новина во новата Програма е тоа што поддршката ќе се доделува за патници кои доаѓаат, за разлика од сите претходни програми кои предвидуваа поддршка за патници во заминување. Исто така го зголемуваме износот на финансиската поддршка и тоа 9 евра по патник во доаѓање до аеродромот во Скопје и 12 евра по патник во доаѓање до аеродромот во Охрид. Претходно се субвенционираше во износ од 7 евра по патник во заминување од аеродромот во Скопје и 4,5 евра по патник во заминување од аеродромот во Охрид. И она што е најважно новите дестинации нема да ги ограничиме само во земјите во Европска Унија, туку финансиски ќе се поддржат дестинации и надвор од Унијата со што очекуваме и повеќе патници и туристи од Блискиот исток и од други дестинации“, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Тој потенцираше дека оваа нова мерка се носи се со цел да се зголеми бројот од над 200 илјади патници преку домашните аеродроми, да се развива авиосообраќајот во земјата и да се поддржи домашната економија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хрватска поддршка за Македонија: Имаше многу неправди кон земјата

Следно

Перински во посета на Босилово и Ново Село: Подобрени се условите за настава во село Секирник, Смоларските водопади и Пирго бележат зголемен број на туристи

Latest from Blog

Божиновска: Продолжен рокот за државната поддршка – нова можност на граѓаните да обезбедат до 30.000 денари за приклучок или котел на гас

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка за домаќинствата кои инвестираат во гасификациски решенија. Новиот рок за поднесување барања е до 31 октомври 2026

AI во HR повеќе не е иднина туку нов стандард за паметно вработување

Првиот локално развиен и целосно независен AI модел за HR процеси носи нов стандард во регрутацијата Пронаоѓањето на вистинскиот кандидат никогаш не било поважно  ниту покомплексно. Компаниите секојдневно добиваат десетици, па и

Мерино повторно е „џокер“ на Шпанија, селекторот Де Ла Фуенте има огромна заслуга за победата

Мечевите од осминафиналето на тековниот Мундијал помеѓу селекциите на Шпанија и Португалија односно САД и Белгија за Спортспорт, ги анализира Горазд Михаилов. Тој смета дека Шпанија оди во понатамошната фаза, не само

Истрагата во Монако добива пресврт: ОСОМНИЧЕНАТА БЕРЕЗОВСКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕНА

Телото на жената осомничена за убиството на украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев во Монако е пронајдено во близина на Киев, објави „Украинска правда“, повикувајќи се на извори во органите на родот. „На 6
Go toTop