Убави вести од Србија – Бориша Симаниќ почна да тренира со Игокеа

August 28, 2024
1 min read

Српскиот кошаркар Бориша Симаниќ кој на СП минатата година во Манила доби незгоден удар на мечот против Јужен Судан и остана без бубрег, е на прагот да и се врати на кошарката.

Според информациите од Србија тој почнал да тренира со тимот на Игокеа. Симаниќ доби непријатен удар на терен, а состојбата подоцна се искомпликува и српскиот кошаркар остана без бубрег, што го стави во животна опасност.

Бориша се огласи на социјалните мрежи на почетокот на август, кога изјави дека верува дека ќе се врати на кошарката, но и дека се чувствува заборавено.

„Сигурен сум дека ќе бидам подготвен за продолжување на кариерата, но сè уште не знам каде, бидејќи е многу тешко да се најде клуб што ќе ангажира играч со ваква повреда. Моја желба е тоа да биде некаде во Србија, бидејќи тука е доктор Гага, во кој имам голема доверба. За да го остварам тоа, ми е потребна помош од сојузот и од државата за да направам соодветен договор. Досега имав некои ветувања, но остана само на тоа. Полека се чувствувам заборавено“, изјави Симаниќ.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Антоанета призна дека со службена картичка платила 1200 евра за трособен стан во Виена за 4 ноќи, иако во околината има хотелско сместување трипати поевтино

Следно

На „Табановце” и „Богородица” за влез и излез од државата се чека околу 30 минути

Latest from Blog

Коди Гакпо и неговата сопруга го загубија синот

Трагедија во семејството на репрезентативецот на Холандија, Коди Гакпо. Тој и неговата сопруга, Ноа ван дер Беј го загубија синот за време на бременоста, и тоа двојката го сподели преку социјалните мрежи.

Над 10.000 граѓани на Мисисипи го тужат Маск: Ѕидовите се тресат, бучавата е неподнослива

Тужбата е поднесена како колективна тужба во име на голем број жители кои велат дека нивниот квалитет на живот значително се влошил од почетокот на работата на енергетските објекти дизајнирани да го

Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето
Go toTop