Муцунски од Загреб: Хрватска е наш пријател, НАТО сојузник и силен поддржувач за нашето ЕУ-интегрирање

August 28, 2024
2 mins read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес, на покана на министерот за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, престојува во работна посета на Република Хрватска. Во рамки на посетата, тој оствари одвоена средба со својот домаќин и учествуваше на посебната сесија на Годишната конференција на амбасадори, генерални конзули и воени претставници на Хрватска во странство, каде што се обрати на тема „Европската Унија по новиот изборен циклус: Европа – локално и глобално и состојби во ЈИЕ: Од македонско гледиште“.

На средбата со хрватскиот министер за надворешни работи, двајцата министри ги поздравија одличните билатерални односи со интензивен политички дијалог, конструктивна соработка во сите области од заеднички интерес, НАТО-сојузништво и пријателство кое се негува во изминатите 32 години. Притоа заеднички констатираа дека претстојното усвојување на Заедничката изјава меѓу премиерите Мицкоски и Пленковиќ е токму во тој правец – да се потврди европската иднина на земјата и заемната волја за натамошно интензивирање на билатералната соработка.

Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната поддршка на Хрватска во процесот на нашето ЕУ-интегрирање, што има значење за развојот на регионот и за стабилноста на Европа. Во оваа насока, министерот Радман ја потврди хрватската позиција за поддршка на ЕУ-проширувањето и реформскиот процес на нашата земја, со цел побрзо интегрирање во Унијата. Муцунски и Радман разменија мислења и ставови околу актуелните регионални и глобални предизвици, со цел поголема координација и засилена соработка на тој план.

Посебен фокус во разговорите беше ставен на економската соработка, при што беа разгледани можностите за нејзино интензивирање. Муцунски ја искористи оваа прилика да информира за новата надлежност на Министерството кое го предводи, и во таа смисла ja нагласи потреба од зајакнување на економските и надворешно-трговските потенцијали за соработка.

Во рамки на посетата на Загреб, министерот Тимчо Муцунски се обрати и на Годишната конференција на амбасадори, генерални конзули и воени претставници на Хрватска во странство, зборувајќи на тема „Европската Унија по новиот изборен циклус: Европа – локално и глобално и состојби во ЈИЕ: Од македонско гледиште“.

Во своето обраќање, Муцунски нагласи дека пријателството меѓу Северна Македонија и Хрватска е одличен пример за тоа што може да се постигне кога народите работат заедно со дух на соработка и меѓусебно почитување.

„Нашата заедничка историја и аспирации поставија цврста основа за партнерство кое не само што им користи на нашите две земји, туку придонесува и за стабилноста и просперитетот на целиот регион. Нашите билатерални односи се доказ за моќта на дипломатијата, покажувајќи како дијалогот и соработката можат да ги трансформираат предизвиците во можности. Во овие брзо променливи и сè понестабилни времиња, потребни се висока будност, стратешко размислување и проактивен ангажман во партнерство со што е можно повеќе земји-истомисленици. Тие бараат целосно искористување на нашиот надворешно-политички потенцијал, почнувајќи од традиционалната дипломатија до трговијата, хуманитарната помош и инвестициите“, истакна Муцунски.

Зборувајќи пред хрватските дипломати за нашите реформски чекори во процесот на ЕУ-интегрирање, Муцунски потенцира дека предвидливоста во процесот на пристапување во ЕУ не е само процедурална работа – таа е камен-темелник на нашата стабилност и напредок.

„На нашите граѓани им дава надеж и чувство за насока, ги мотивира нашите реформи и ги закотвува нашите аспирации во поширокото европско семејство. Во овие турбулентни времиња, каде што глобалните тензии и регионалните предизвици се постојано присутни, посветеноста на ЕУ за проширување мора да биде неуморна. Не се работи само за исполнување на дадените ветувања; станува збор за препознавање на стратешката важност на интегрирањето на Западен Балкан во обединета, безбедна и просперитетна Европа. Тоа е и стратешка неопходност и историска можност“, истакна министерот.

Во контекст на ЕУ-агендата, во завршниот дел од своето обраќање, тој нагласи дека поддршката од Хрватска е непроценлива.

„Како земја која последна успешно го помина патот кон членство во ЕУ, хрватското искуство и застапување во име на Западен Балкан се апсолутно клучни. Успешната хрватска приказна е инспирација за сите нас и потсетување дека со истрајност, единство и стратешка визија, членството во ЕУ сè уште е достапно“, додаде Муцунски.

Во рамки на работната посета, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре како член на државната делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе се вклучи во програмата на неговата прва официјална посета на Република Хрватска, која се реализира на покана на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Костадиновска Стојчевска: Само дефокусирате од вашиот аздис, ако има нешто – тужете

Следно

Министерот за надворешни работи на Туркије ќе присуствува на неформалниот состанок на МНР на ЕУ

Latest from Blog

Капело: Јамал не е генијалец, далеку е од Меси и Марадона

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело, кој во кариерата ги водеше Јувентус, Милан и Реал Мадрид, го коментираше талентот на младиот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал. Трофејниот стручњак ја спушта топката по глобалната

„Доколку Путин дојде во Истанбул, тоа симболично ќе значи многу“, изјави холандскиот експерт Смитс

АМСТЕРДАМ (АА) – Селман АКСУНГЕР Холандскиот историчар и експерт за Русија, Хуберт Смитс, ја пофали посредничката улога на Турција во мировните преговори меѓу Русија и Украина што ќе се одржат утре во

Апсења на повеќе локации во Скопје, лишени од слобода криминалци барани со потерници

Денеска (14.05.2025) на различни локации во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишија од слобода две лица барани со потерници. На територија на Центар лишен од слобода

Кошта: Црна Гора е еден од најдобрите примери за позитивниот моментум на проширувањето на ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска во Подгорица изјави дека Црна Гора е „еден од најдобрите примери за позитивниот моментум на проширувањето на ЕУ“. Кошта, кој е на својата прва турнеја

Филипче за одбиениот закон за Кочани: Ова не беше момент за политички инает

Денешната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани, за мене е вистинско разочарување, ова беше момент на
Go toTop