По примерот на Худини: 70-годишниот Јане Петков врзан со синџири успеа да се ослободи и да исплива од дното на Охридското Езеро

August 28, 2024
1 min read

Интересна содржина во рамки на годинешното издание на Охридскиот фестивал на вода, со обидот на Јане Петков да го повтори неверојатниот подвиг на Хари Худини, да се ослободи од синџири и лисици од дното на Охридското Езеро

Во многу сложени услови, врзан со лисици, ланци и катинари, потопен на езерското дно на Охридското езеро, во близина на градското пристаниште во Охрид, 70 годишниот Петков од Бугарија, успеа да излезе на површината на водата.

Атрактивната точка Петков ја изведе под будно око на спасителите од охридскиот Црвен крст.

Пред секој негов подвиг, тој користи невообичаени техники на медијација и дишење. Вели дека не застанува овде, туку додека го држи телото ќе продолжи да изненадува со нов подвизи.

„Одлично се чуствувам. Малку ми беше студено, но сепак се се заврши успешно.Посебно ќе нагласам дека позитивната мисла и енергија кои ги имам ми помагаат мирно и добро да ги завршам сите предизвици. Секогаш пред мене си пооставувам нови и уште потешки предизвици.Но тие не се тешки, ако човек има доволно познавања, како истите да ги направи. Нема невозможни работи, се може да се постигне, само човек треба да верува во тоа. Тајната на виталноста и успехот е хармонија на трите основни енергии, на чувствата, умот и водата“, рече Јане Петков-човек Амфибија.

Инаку, овој интересен обид е втор настан што Општинската организација на Црвениот крст од Охрид го организира со Петков. Првиот настан беше организиран во септември 2013 година, кога за гинисов рекорд Петков на Охридското Езеро преплива повеќе од два километри целосно врзан во вреќа.

Јанко Петков е роден на 6 август 1954 година во Сандански, Пиринска Македонија. Натпреварувач на пливачкиот клуб „Вихрен“ од 1960-тите. Добитник на многу медали од натпревари во Бугарија и Грција. На почетокот на 1990-тите тој постави уникатен рекорд за пливање 2.100 метри под вода во базен за нешто повеќе од еден час, земајќи здив само кога ќе допливаше до работ на базенот. „Човекот амфибија“ има и неколку рекорди за препливување на реката Дунав врзан во вреќа

На почетокот на 1990-тите, тој постави уникатен рекорд за пливање 2.100 метри под вода за нешто повеќе од еден час, земајќи здив секој пат кога ќе го допре ѕидот. Оттука и неговото име „Човек амфибија“. Има и рекорди за препливување на реката Дунав врзан во вреќа, подобрување на рекордот на Индиецот Гопал-Карли во Охридското Езеро во 2017 година./Алсат.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити на средба со албанскиот претседател Бајрам Бегај

Следно

Костадиновска Стојчевска: Само дефокусирате од вашиот аздис, ако има нешто – тужете

Latest from Blog

Општина Битола: Градот влегува во нова развојна ера со 180 проекти

Општина Битола објави преглед на реализацијата на 180 проекти наменети за развој и унапредување на градот. Според податоците прикажани во општинскиот инфографик, досега се завршени 62 проекти, што претставува 34 проценти од

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на

Македонскиот рубин пред меѓународна промоција, се подготвува сертификат за неговото потекло

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита и меѓународна промоција, со подготовка на систем за сертификација и утврдување на јасни критериуми за неговото потекло и автентичност. Министерството за енергетика, рударство и

Се забрзува изградбата на пругата кон Бугарија: Делницата Бељаковце – Крива Паланка стигна до 40%

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, информира дека во моментов интензивно се работи на мостот број 7, кој со должина од 194 метри е најдолгиот мост на оваа делница. Делницата е долга
Go toTop