Меџити на средба со албанскиот претседател Бајрам Бегај

August 28, 2024
1 min read

Претседателот на Република Албанија г. Бајрам Бегај во Претседателството го пречека првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, информираат од кабинетот на Меџити.

На средбата, што се одржа за време на првата официјална посета на Албанија на вицепремиерот Меџити, претседателот Бегај му честиташе на вицепремиерот Меџити за новата функција и изборниот резултат, а се разговараше за соработката на сите полиња меѓу Албанија и Северна Македонија, каде односите меѓу двете земји беа оценети како одлични, со цел континуирано проширување.

Министерство за животна средина и просторно планирање

Дискусиите се фокусираа на проекти од стратешки интерес за двете земји, како што е и Коридорот 8.

„Инфраструктурното поврзување и сеопфатната соработка се приоритет на новата Влада во Скопје, каде што размената на позитивни искуства, особено на полето на странските директни инвестиции, развојот на туризмот и слободното движење на граѓаните, што е камен-темелник за стабилен развој. “, рече Меџити.

Тој додаде дека друга клучна тема на разговорите била соработката во евроатлантските напори, процес кој бара континуирана координација и заедничка посветеност за исполнување на нашите стратешки цели, стои во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Каратист од Дебар го урна светскиот рекорд во правење стомачни стар 13 години

Следно

По примерот на Худини: 70-годишниот Јане Петков врзан со синџири успеа да се ослободи и да исплива од дното на Охридското Езеро

Latest from Blog

Општина Битола: Градот влегува во нова развојна ера со 180 проекти

Општина Битола објави преглед на реализацијата на 180 проекти наменети за развој и унапредување на градот. Според податоците прикажани во општинскиот инфографик, досега се завршени 62 проекти, што претставува 34 проценти од

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на

Македонскиот рубин пред меѓународна промоција, се подготвува сертификат за неговото потекло

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита и меѓународна промоција, со подготовка на систем за сертификација и утврдување на јасни критериуми за неговото потекло и автентичност. Министерството за енергетика, рударство и
Go toTop