Мицкоски: Нема место за криминалци во политиката, граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на поединци без разлика дали е на локално или државно ниво

August 28, 2024
1 min read

Гледам поедини центри на влијание како се вознемирени, а вознемирени се затоа што ова е стартен ден, јавна набавка којашто ја водела претходната Влада на СДСМ и ДУИ. Јас одлучив со јавност да се борам против криминалот и корупцијата и затоа ја дадов таа изјава и тоа е порака дека времето на криминалците во политиката заврши, дека е време е на чесни политичари, луѓе коишто си го сакаат својот народ, својата татковина и ќе работат за интересите на своите сограѓани и својата татковина, и така ќе продолжам и во иднина“, одговори претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски објасни дека во рамките на Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе се отвори линија каде што граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на административци и политичари.

-Ако се сеќавате пред неколку дена исто така на едно мое телевизиско интервју дадов уште една изјава во која што кажав специјален тим во рамките на мојот кабинет ќе има отворена линија и ќе разговара со граѓаните, а тие таму ќе пријавуваат девијантно однесување на административци, политичари без разлика дали се тоа на локално или на државно ниво политичари и административци, коишто можеби бараат некаков тип на против услуга да завршат некоја работа којашто на граѓаните им припаѓа под Закон и Устав и таа отворена линија ќе има за цел граѓаните тоа девијантно однесување да го пријават, соопшти премиерот.

Претседателот на Владата Мицкоски констатираше дека се додека е премиер, место за криминалците во политиката ќе нема и дека мораме силно да се бориме против криминалот и корупцијата.

-Мораме да се бориме против криминалот и корупцијата, тие се од пандемиски размери кај нас и тоа е основната цел на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Додека јас сум премиер, место за криминалците во политиката ќе нема и затоа на секој еден именуван и избран функционер од редот на ВМРО-ДПМНЕ му испраќам една порака, а тоа е да го чуваш твојот образ, така ќе го чуваш и мојот и на организацијата и така работиме до сега и така ќе продолжиме во иднина, а секој оној којшто ќе се заборави и којшто мисли дека во политиката треба да ужива а не да биде слуга на граѓаните, без разлика од која структура доаѓа ќе биде казнет, а доколку биде тоа злоупотребено, да има криминал, тогаш ќе биде изведен пред лицето на правдата, рече Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Ветивме дека во првата година пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 денари, тоа ќе го направиме многу побрзо, односно во првите 9 месеци

Следно

Пинокио: Најмала штета од дезинформациите е растењето на носот

Latest from Blog

Скопје има 213 пожарникари, недостигаат 171

На Скопје му недостигаат 171 пожарникари, предупреди командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски. Според законските стандари, главниот град треба да има 384 а сега располага со 213 пожарникари. „Недостигот на вработени е

Астон Вила ја освои ЛЕ: Емери го донесе трофејот и во Бирмингем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила се нови освојувачи на трофејот во Лигата на Европа. Поранешниот европски шампион сега додаде трофеј во второто најважно европско натпреварување на своите витрини и докажа дека оваа е

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Поранешната прва дама во неодамнешното појавување во подкаст изјави дека била „разочарана“ кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 и 2024 година, пишува „Унилад“. Поранешната прва дама, која помина осум години

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања
Go toTop