Арсовска до четврток ќе размислува дали ќе му даде шанса на Галетановски, да ја врати во живот Зоолошката градина

August 27, 2024
2 mins read

Единствениот пријавен на огласот за директор во Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски уште два дена е во исчекување на резултатите од конкурсот кој го распиша градоначалничката Данела Арсовска.

Според Законот, Управниот одбор, односно градоначалникот на општината, или на Градот Скопје, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на документацијата од ставот 3 на членот 19 од Законот за јавни претпријатија треба да донесе одлука. Ова значи дека и Арсовска сама може да ја разгледа документацијата и да одлучи дали ќе му даде шанса на поранешениот директор Галетановски кој поднесе документи на 13 август. Тој тогаш потенцираше дека сака да даде свој придонес во подобрувањето на состојбите во Зоолошката градина, за да таа се врати во полн сјај и јавно и побара шанса од Градоначалничката на Скопје Арсовска.

Инаку оваа институција нема функционален Управен одбор, односно двајца од членовите се именувани на други функции и морале да поднесат оставки на оваа позиции.

Иако таа ја знаеше фактичката состојба со Управниот одбор, бидејќи лично ги назначила двајцата членови за директори на други јавни установи, а нови членови не се избрани, на прашањето кога ќе донесе одлука таа рече дека не носи одлуки, туку изборите зависат од Управните одбори на институциите.

-Јас не одлучувам туку Управниот одбор на институцијата за која се одбира директор треба да се состане и да донесе одлука откако ќе ги разгледа документите за пријавени кандидати за директори, а потоа тие документи стигнуваат во Градот, одговори денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска одговарајќи на новинарско прашање, кога се очекува и дали ќе му дозволи на поранешниот директор на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски повторно да раководи со оваа институција.

Според информациите на Рацин.мк, Управниот одбор во моментот има само еден член, а другите двајца поднеле оставки уште на почетокот на август, бидејќи Арсовска ги распределила на други позиции, едниот станал в.д. директор на Јавна установа Детски дом „11-Октомври“ Скопје, а претседателот на Управниот одбор е именуван за за в.д. директор на НУ Универзитетска библиотека „Климент Охридски“ – Скопје.

Резултатите од огласот кој го распиша Арсовска треба да бидат објавени на 29 август, претходно во јавноста се шпекулираше дека ова не е вистински оглас, туку оглас за потврда на сегашниот в.д директор, бидејќи законскиот рок за мандат на вршител на должност трае 6 месеци, а сегашниот Зоран Попов, веќе има три мандати како в.д. директор. но ниту еден од директорите кои ги постави таа не се погрижи вистински за Зоолошката, што резултираше со угинување на многу животни.

Откако Галетановски поднесе оставка во 2022 година, на негово место дојде Кристијан Стаменов, а тогаш медиумите објавија дека во дворот на Зоолошката градина се колат десетици коњи, добиени од Агенцијата за управување со одземен имот, и им се даваат како храна за животните. По ова, разрешен беше тогашниот директор Стаменов и поставен нов – Драган Илиевски, за кого Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека Арсовска именувала лице кое не било вработено во оваа јавна установа што е спротивно на законот кој предвидува именување на в.д. директори од редот на вработените во тие установи и со мандат од само 6 месеци, па на негово место дојде Попов.

По низата на негативни случувања во Градината, кои се нижеа изминатите години, откако се сменија тројца директори, како што се изгубениот кандидатски статус во ЕАЗА, угинување на голем број на заштитени видови на животни, но и убиството, односно труењето на трите пржевалски коњи со силен отров, кое се уште не е расчистено и не е пронајден сторителот, во јавноста повторно е актуелно прашањето – Ќе попушти ли Арсовска пред јавниот притисок и ќе добие ли Галетановски шанса да го исполни ветувањето – Да ја направи Градината установа која ќе биде гордост на Македонија?

Градоначалничката Арсовска во својот досегашен мандат од неполни две години успеа да смени повеќе од 30 директори на јавни претпријатија и установи. Во секое од нив имаше барем по трипати промена. Најпрво, директорските позиции ги држеа кадри од ВМРО-ДПМНЕ, но по кавгата преку медиумите и од говорницата на Советот на Град Скопје со нивниот лидер Христијан Мицкоски, тие беа експресно сменети.

Во моментов најголемиот број луѓе на челните позиции во јавните претпријатија се од ГРОМ и ДУИ, а јавноста веќе „крена раце“ од тоа кој е каде директор, затоа што по честите нивни смени, тешко е да се запомнат новите „комбинации“.

Соња Танеска

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Реформската агенда за периодот 2024-2027 година е резултат на нашите посветени напори да го унапредиме економскиот раст и стабилноста на државата

Следно

Мицкоски: Имаше обид да ме поткупат за Коридорот 8, дијалогот со бугарската страна ќе се одвива во Брисел

Latest from Blog

Екс-обвинителката во СЈО Лејла Кадриу открива: Мистериозен советник на министер нарачувал обвиненија

Советникот имал информации од истрага која според законот морала да биде тајна а за него досега не е поведена постапка за одговорност Советникот имал информации од истрага која според законот морала да

Меџити од Камењане: ВЛЕН се обединува во силен политички субјект

Претседателот на Демократско движење и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, синоќа во Камењане оствари средба со структурите на Демократско движење – ВЛЕН, при што ја истакна силната организациска поставеност и

Димовски најави нов инвестициски бран: над 150 милиони евра во прва фаза

Четири нови странски компании донеле одлука да инвестираат во Македонија, од кои три ќе реализираат инвестиции во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје, а една во ТИРЗ Тетово, изјави директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски.

Путин му се заблагодари на претседателот на ОАЕ за помошта во апсењето на осомничениот за обидот за атентат врз високиот руски генерал на ГРУ

Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, за неговата помош во апсењето на човекот осомничен за пукањето врз високиот офицер

Кадриу: Осудените за „мерцедесот“ беа „земени на врат“, а случајот со Нешковски беше „чист“, иако Заев мавташе со снимките

Во случајот „Тенк“, набавката на блиндираниот „мерцедес“, Владата не била обврзана да објавува оглас, односно да распишува тендер. Значи, не била должна. Можела да го купи „мерцедесот“ со спогодба во четири очи,
Go toTop