Се работело за технички проблем, тврди МФ по критиките за укинување на алатката „Отворени финансии“

August 26, 2024
1 min read

Порталот „Отворени финансии“ промовиран со цел зголемување на транспарентноста на трошењето на буџетските средства не функционира од јуни, а податоците дотогаш се ажурираа редовно согласно утврдената динамика на објавување на одделните категории податоци. По неколку дена молк дека ова на некој начин е цензура и прикривање на трансакциите во институциите, денеска испратија соопштение од министерството за финансии.

-Надлежниот сектор од Министерството за финансии заедно со економскиот оператор ангажиран за одржување на порталот работат на отстранување на техничкиот проблем којшто оневозможува пристап до податоците коишто се генерираат на порталот. Податоците коишто се објавуваат преку порталот „Отворени финансии“ како алатка за транспареност и понатаму ќе бидат достапни за јавноста. Јавноста ќе може да пребарува информации за реализација на буџетот, одделно по институции и извршени трансакции, велат од Министерството за финансии..

Платформата на граѓански организации за борба против корупција денеска реагираше со осуда на оневозможениот пристап на јавноста до информациите од Трезорот и побара итно да се врати во функција порталот „Отворени финансии“.

Платформата бара од Министерството за финансии да се овозможи непречен пристап, континуирано и навремено ажурирање на податоците на порталот и нивна достапност во отворен формат, како што беше и досегашната практика.

„Порталот ‘Отворени финансии’ на кој се објавуваат податоците за реализација на трансакции на сите буџетски корисници на Буџетот на Република Северна Македонија, последен пат е ажуриран на 17.6.2024 година. Согласно преземените обврски во рамки на Партнерството за отворена власт и досегашната пракса, податоците на порталот се ажурираат два пати во текот на месецот, што значи дека повеќе од два месеци порталот не ја извршува својата функција“, реагираат од Платформата за борба против корупција.

Од таму велат дека воведувањето на порталот „Отворени финансии“ е една од најзначајните реформи со кои се унапредува транспарентноста на државните институции. Како дел од Партнерството за отворена власт, оваа активност беше оценета како заложба со амбициозен дизајн и успешна имплементација која воведе исклучителни промени во институционалните практики.

„Платформата ја потсетува Владата на Република Северна Македонија дека во предизборието беше ветено дека ќе се зголеми бројот на отворени податоци и нивно ажурирање. Со сегашната состојба на ‘Отворени финансии’, Платформата стравува дека процесот се движи во спротивна насока“, велат од Платформата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски најави инвестициски бум: За недела- две следи нова инвестиција, уште две до крај на годината и за четвртата сме во трка со моќна европска држава

Следно

Два последователни земјотреси вечерва ја стресоа Грција

Latest from Blog

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop