Мицкоски најави инвестициски бум: За недела- две следи нова инвестиција, уште две до крај на годината и за четвртата сме во трка со моќна европска држава

August 26, 2024
1 min read

„Сите инвестиции ќе имаат супер позитивен ефект врз домашниот производ, бидејќи се извозно ориентирани, дел од нив имаат и извозна компонента, но нето разликата извоз- увоз е она што влегува во пресметка на бруто домашниот производ и ќе биде голема“, изјави претседателот на владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во неговото гостување на „За или против“ на Алфа телевизија, најавувајќи нови инвестиции со кои ќе се подобри економијата.

Премиерот Мицкоски во полето на инвестициите посочи дека многу скоро јавноста ќе биде сведок на законско решение со кое данокот на добивка за мултинационални компании кои ќе консолидираат профит поголем од 50 милиони евра овде кај нас ќе имаат данок до 5%, што е историски, но и регионално најмал данок.

„Генерално со „Алказар“ ние добиваме еден терават електрична енергија од обновливи избори на енергија, компанијата почна процедурата, во тек се административни подготовки и очекувам на истиот ден, на година дена откако го потпишаа договорот оваа инвестиција од половина милијарда долари да стане реалност. „Епсотек“ е фирма која исто така ја најавивме кога станавме влада, претходната влада велеше дека тие ја работеле, јас им се заблагодарив, им реков „благодарам што правевте со години, но треба да сте свесни дека ние за неколку недели оваа инвестиција на ставивме во функција“. Многу скоро од денеска ќе имаме камен темелник. „Вабтек“ исто така инвестиција која ги одглавуваме проблемите од минатото, тие се веќе присутни, но овие 70 милиони евра извоз значително ќе влијаат врз бруто домашниот производ“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски најави уште две инвестиции на постојни компании кои се очекува до крај на годината да бидат потврдени, огромни инвестиции, како и уште една нова 150 милиони евра инвестиција, каде земјава е во најтесна трка со голема моќна држава, членка на ЕУ и поранешна членка на источниот блок каде се преговара за условите.

„И уште една инвестиција, ќе најавам камен темелник за недела, две, ја користам ова прилика да и заблагодарам на претходната влада што неколку години работеле на оваа инвестиција, но ете било потребно овие два месеци да се промени владата па оваа инвестиција да биде реалност. Од прв ден рековме економијата е наш фокус, ако немате добра економија немате приходи во буџет, а тогаш нема плати поголеми, нема субвенции“, истакна премиерот Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо: Не се гледам себеси како тренер, ќе правам нешто надвор од фудбалот

Следно

Се работело за технички проблем, тврди МФ по критиките за укинување на алатката „Отворени финансии“

Latest from Blog

Скопје има 213 пожарникари, недостигаат 171

На Скопје му недостигаат 171 пожарникари, предупреди командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски. Според законските стандари, главниот град треба да има 384 а сега располага со 213 пожарникари. „Недостигот на вработени е

Астон Вила ја освои ЛЕ: Емери го донесе трофејот и во Бирмингем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила се нови освојувачи на трофејот во Лигата на Европа. Поранешниот европски шампион сега додаде трофеј во второто најважно европско натпреварување на своите витрини и докажа дека оваа е

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Поранешната прва дама во неодамнешното појавување во подкаст изјави дека била „разочарана“ кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 и 2024 година, пишува „Унилад“. Поранешната прва дама, која помина осум години

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања
Go toTop