Роналдо: Не се гледам себеси како тренер, ќе правам нешто надвор од фудбалот

August 26, 2024
1 min read

ден од најдобрите фудбалери на денешницата, Португалецот Кристијано Роналдо, проговори за плановите по завршувањето на својата играчка кариера.

Напаѓачот на Ал-Наср и португалски репрезентативец изјави дека не сака да стане тренер кога ќе ги закачи копачките.

-Во моментов не размислувам да станам тренер на ниту една екипа. Мојата иднина не ја гледам на клупата. Се гледам себеси како правам други работи надвор од фудбалот, но само Господ знае што носи иднината, изјави Кристијано Роналдо за португалските медиуми.

Договорот на 39-годишниот напаѓач со Ал-Наср трае до 2025 година. Минатата сезона за клубот од Саудиска Арабија одигра 45 натпревари во сите натпреварувања и постигна 44 гола со 13 асистенции.

Кристијано Роналдо игра за Ал-Наср од 2023 година, а претходно настапуваше за Манчестер Јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид и Спортинг Лисабон.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Јас сакам да има највисоки плати што може, но наследивме катастрофална ситуација со Буџетот и ќе се бориме понатаму за високи плати

Следно

Мицкоски најави инвестициски бум: За недела- две следи нова инвестиција, уште две до крај на годината и за четвртата сме во трка со моќна европска држава

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на

Македонскиот рубин пред меѓународна промоција, се подготвува сертификат за неговото потекло

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита и меѓународна промоција, со подготовка на систем за сертификација и утврдување на јасни критериуми за неговото потекло и автентичност. Министерството за енергетика, рударство и

Се забрзува изградбата на пругата кон Бугарија: Делницата Бељаковце – Крива Паланка стигна до 40%

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, информира дека во моментов интензивно се работи на мостот број 7, кој со должина од 194 метри е најдолгиот мост на оваа делница. Делницата е долга

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

Реномираната британска Master of Wine со долгогодишно искуство со вината од Источна Европа и Балканот посети пет македонски семејни винарии. Македонското семејно винарство доби значајна можност за директна размена на знаење и
Go toTop