До крајот на неделава ќе бидат исплатени средствата од „Мој ДДВ“

August 26, 2024
1 min read

До крајот на оваа недела се очекува да се заокружи исплатата на средства од скенираните фискални сметки за периодот април – јуни, соопшти попладнево Управата за јавни приходи.

– Управата за јавни приходи подготви налози за исплата за близу 450 илјади граѓани, а денес на повеќето од нив веќе им се исплатени средствата. Исплатата продолжува и во наредните денови од оваа недела се до целосна реализација кон граѓаните кои имаат уреден запис за трансакциска сметка во самата апликација, велат од УЈП.

Апелираат до граѓаните кои имаат грешен запис за трансакциска сметка или воопшто немаат запис за трансакциска сметка да ја внесат точно својата трансакциска сметка за да може да им биде извршен повратот на ДДВ.

Исплатата на средствата се реализира по усвојувањето на ребалансот на Буџетот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Грчката полиција уапси две лица што краделе во туристички објекти, меѓу „пленот“ и македонски пасоши

Следно

Што е потребно за македонските универзитети да се најдат на „Шангајската Листа”?

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop