Мицкоски: Мајка Тереза е нишката која ги поврзува сите кои живееле на овие простори, да го следиме нејзиниот пример на хуманост и добрина

August 26, 2024
1 min read

Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на денешен ден 1910 година, на тогашната улица „Поп Кочина” број 14, што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија, рече во своето обраќање претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Мајка Тереза често велеше „Сепак, не јас, туку Христос живее во мене“. Таа претставува синоним за сето добро, благородно, чесно за тоа како од срце искрено се помага на оние на кои помошта им е најмногу потребна. Таа беше често именувана како светица на сиромаштијата и сиот свој живот им го посветила на невините жртви на насилството, на оние кои умираа низ улиците, на болните од лепра и од сида. Таа живееше едноставно, како за време на животот, така и по нејзината смрт – остана синоним за доброто во светот. За Мајка Тереза стана добитник на бројни признанија и награди за исклучително хумано ангажирање во згрижувањето на најсиромашните од сиромашните, поради што ја доби и Нобеловата награда за мир. Таа почина на 5 септември 1997 година, во Куќата на милосрдието што таа ја основа во Калкута. Крајот на животниот пат на еден од најголемите алтруисти на столетието ги трогна сите, најмногу оние кои ги почувствувале хуманоста и бенефициите од нејзините активности – гладните, бездомниците и болните. Таа беше скопјанка која поголемиот дел од животот го помина во Индија, во земјата која е втора по бројот на жители во светот и седма по географска големина чиј главен град е Њу Делхи. Како дом на прастарата цивилизација на индиската долина и област на историските трговски патишта и пространите империи, индискиот потконтинент бил идентификуван со своите комерцијални и културни богатства во поголемиот дел од својата долга историја. Денес Мајка Тереза му припаѓа на светот. Нејзиниот живот не познаваше граници, ниту разлики и таа обединуваше различни култури, различни луѓе и народи. Таа е и најдобриот мост на поврзување денес и во местото од каде потекнува Скопје. Таа е нишката која ги поврзува Македонците, Албанците и сите кои живееле на овие простори, но и пример кога срце полно со љубов е спремно за големи подвизи и победа над сите предрасуди и препреки, истакна Мицкоски.

Да извлечеме поуки од оваа голема Скопјанка и хуманиска, да се почитуваме едни со други, да споделуваме грижа, да ги помагаме обесправените, угнетените и сиромашните. Да го следиме примерот на Гонџа која го менуваше светот. Само така ќе обезбедиме иднина за сите. Нека е вечен споменот за Мајка Тереза“, додава Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новости: Уапсен хрватски шпион во Србија

Следно

На Шангајската листа и оваа година нема ниту еден македонски универзитет

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop