Миовски по само десет минути ќе дебитираше со гол, ама Облак не го дозволи тоа (ВИДЕО)

August 26, 2024
1 min read

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, синоќа дебитираше во дресот на шпанскиот тим Џирона, откако доби шанса по еден час игра на гостувањето кај Атлетико Мадрид, која сосема добро ја искористи.

Неговото влегување ги размрда редовите на составот што лани беше најпријатно изненадување во европскиот фудбал, на набрзо влезе во две гол-шанси. Првата беше во 67. минута кога неговиот удар беше блокиран од противнички дефанзивец, додека втората беше две минута подоцна, кога од петнаесетина метри имаше отворен пат за шут.

Но, за жал на Миовски, на голот на Атлетико беше одличниот Јан Облак, кој без проблеми му ја одбрани топката и го спречи да има деби од соништата со важен погодок за својата екипа.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

На граничните премини нема подолги задржувања

Следно

Сообраќајот тековно, на граничните прмини нема подолги задржувања

Latest from Blog

Очекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)

Групата Д на текониот Мундијал го доби очекуваниот епилог синоќа. Последното трето коло го донесе расплетот на табелата, и патниците во следната елиминациона фаза. Она што се претпоставуваше дека ќе се случи

Нови правила во Брисел – ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ТУРКААТ „МЕМБЕРШИП-ЛАЈТ“

Европската комисија подготвува нов план за „постепена интеграција“, со кој на земјите-кандидати ќе им се овозможат економски придобивки пред тие официјално да влезат во ЕУ, пишува „Политико“. Целта на Брисел е да

Еквадор со победа над Германија до нокаут-фаза, „слоновите“ го преслушаа Курасао (ВИДЕО)

Фудбалерите на Еквадор приредија вистинско изненадување победувајќија Германија со 2:1 во последното коло во групата Е и со тоа во фотофиниш обезбедувајќи си место меѓу репрезентациите кои ќе продолжат во следната фаза
Go toTop