Приведено е лицето осомничено за нападот со нож во Германија

August 25, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Херберт Реул, министер за внатрешни работи на германската сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија, во програмата „Тагестемен“ на јавниот радиодифузен сервис АРД информираше дека е приведен осомничениот за нападот на фестивалот во градот Солинген, пренесува Анадолу.

„Лицето што навистина го бараме од неодамна е во притвор. Ова е лице во кое многу се сомневаме, но ова треба да се испита сега“, рече министерот Реул.

Наведувајќи дека голем број луѓе биле прислушувани и биле собрани информации пред да се спроведе приведувањето, министерот Реул истакна: „Најдовме не само индиции, туку и докази за ова лице“.

Според веста на германската новинска агенција ДПА, базирана од информациите на портпаролот на Министерството за внатрешни работи на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, осомничениот ѝ се предал на полицијата.

Во градот Солинген 3 лица ги загубија животите, а 8 беа повредени, од кои 4 потешко, во нападот со нож на „Фестивалот на различностите“ што се одржа во петокот на 23 август по повод 650-годишнината од градот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лефков: Прв ден скандал “Бисера Антоанета” – За 4 дена во Лондон, со народни пари министерката за култура купувала чорапи и хулахопки, плишана мечиња, фудбалски топки, куфери за патување за 714 фунти

Следно

Аврамовски продолжува со својата блескава игра: Со два гола и донесе побед на Болуспор

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа

Мбапе демантира: „Не е вистина дека во Реал ми прегледувале погрешно колено!“

ФОТО:Real Madrid C.F./FB Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, издаде соопштение за да ја разјасни својата физичка состојба и односот со својот клуб. Тој ги коментираше шпекулациите околу неговото здравје и
Go toTop