Ќе има или не дестабилизација или ќе се наштима државниот оркестар?

August 25, 2024
3 mins read

На темата за дестаблизиција на земјата на есен според Мицкоски, останува прашањето од какви извори се информираат претседателката на државата и претседателот на владата кога толку различни се нивните ставови и информации. Зошто не можат да се усогласат? Тоа во јавноста остава дефинитвно создава конфузија. Ќе има или не дестабилизација или ќе се наштима државниот оркестар?

Зоран БОЈАРОВСКИ

Иако веќе многу конфузно и без првичната самодоверба и самоувереност, премиерот Мицкоски и денеска, на 24 август, зборуваше на неговата омилена тема во последните три недели дека земјата ќе биде дестабилизирана.

Велиме без првичната самодоверба и самоувереност зашто не може поинаку да се протолкува конфузијата во неговата најнова изјава за ова прашање.

„За дестабилизацијата информациите се такви какви што се. Сите што од голтари станаа милионери и владееја со Македонија изминатите седум години, сите оние кои што дивееја по улиците и тука во главниот град град и ширум целата држава имаат интерес да ја дестабилизираат затоа што тие се највешти и најсилни кога има нестабилност. Но, ние како држава и како Влада ќе се бориме за стабилна држава и стабилни институции, затоа што демократијата подразбира стабилни институции и ние се ќе сториме да ги заштитиме институциите“, рече Мицкоски на темата по денешната посетата на ЈП за државни патишта, откако беше прашан дали се уште стои на ставот што го изнесе претходно дека има лица, кои работат на дестабилизација на државата.

Сега фокусот на Мицкоски по ова прашање е на стабилни и заштитени институции, но ни оваа последна изјава за ова прашање потврдува дека Владата и ВМРО-ДПМНЕ никако да се усогласат меѓу себе, со другите институции и со своите колаициони партнери од Влен/Вреди.

Да потсетиме дијаметрално спротивставени ставови ќе има или нема да има дестабилизација на земјата се појавија на највисоко ниво, односно на релацијата со претседателката на државата.

 „Индиции се едно, а закани за дестабилизација се друго, но реалноста е поинаква. Реков дека нема да го свикам Советот зашто мислам дека во ова време-невреме кога треба да се справуваме со пожарите како стихија, ние се соочуваме и со други закани под наводници. Не гледам дека тие закани се реалност во моментов“, изјави Сиљановска-Давкова на новинарско прашање дали планира да го свика Советот за безбедност во Охрид на 18 август на Денот на Армијата на Северна Македонија.

Ова прашање се чини сосема логично откако премиерот последниве триесеттина дена не пропушта прилика да „предупреди“ дека Демократската унија за интеграција (ДУИ), како што рече, во обид да го заштити капиталот што го создаваше изминатите 20 години, оваа есен ќе преземе чекори во насока на дестабилизирање на државата.

Мицкоски ова го тврди, како што вели тој, според информации добиени од повеќе канали.

За разлика од премиерот, претседателката Сиљановска-Давкова вели „реалноста е поинаква“ и дека е поважно „да справиме со пожарите“, кои тогаш беа особено актуелни, а не со „закани под наводници“.

Овој став на Сиљановска-Давкова е во согласност со нејзината првична изјава за ова прашање од 6 август годинава, кога од претседателскиот кабинет за „360 степени“ информираа оти претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не планира да го свика Советот за безбедност и покрај изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека ДУИ оваа есен може да преземе чекори за дестабилизација на државата.

Таа ја остави отворена можноста да свика седница на Советот за безбедност, но тоа, како што рече, може да се случи по неговото доекипирање, а темите на седницата би биле оние за што денес се расправа глобално и во Европа, а тоа е каде оди и што се случува во светот, како и прашањето за климатските промени за што таа најави дека можеби член на Советот може да биде и експерт од оваа област.

Инаку разногласите во Владата не е само по ова прашање. Досега видовме неколку различни ставови на одделни членови на владата во врска со Коридорот 8 („Муцунски против Мицкоски и Николоски за Коридорот 8„, „Министерката Димитриеска-Кочоска контра Мицкоски и Николоски: Не е можна пренамена на парите од пругата кон Бугарија“…).

Последниве денови, пак, сме сведоци и на разногласие и меѓу коалиционите партнери за бегството на поранешниот војник на Ослободителната војска на Косово којшто избега од „домашниот притвор“. За ова прашање премиерот Мицкоски го насочи прстот кон судството, а неговиот заменик претседател Изет Меџити вели „прашајте во МВР“. Да се бараат одговори за ова прашање во МВР посочи и директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов.

Но, на темата за дестаблизиција на земјата на есен според Мицкоски, останува прашањето од какви извори се информираат претседателката на државата и претседателот на владата кога толку различни се нивните ставови и информации. Зошто не можат да се усогласат? Тоа во јавноста остава дефинитвно создава конфузија. Ќе има или не дестабилизација или ќе се наштима државниот оркестар?

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вардар победник на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“

Следно

ТАЖНА ВЕСТ од Германија – почина Криштоф Даум

Latest from Blog

Пленковиќ: Имав многу добар разговор со Трамп

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави премиерот на X. – Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп

НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари

Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата. Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата
Go toTop