Јаневска e првата министерка во новата влада која го изговори името Република Северна Македонија

August 23, 2024
1 min read

Министерката за образование и наука Весна Јаневска е првата министерка од оваа партија која во својата изјава го изговори официјалното име на државата, говорејќи за потребата од развој на стратегија за подобрување на образованието на сите нова, употреби – „во Република Македонија“, но веднаш потоа, оддалечувајќи се од микорфоните, направи пауза во изјавата, па продолжи и рече оти се извинува и кажа „во Република Северна Македонија“

-Она што се случи, паузата во мојот говор само е одраз на чувствата кои грото Македонци ги имаат за жртвата која ја прават кон приближувањето на Европската Унија, но законот ќе го почитуваме. Па така се надевам дека граѓаните ќе имаат разбирање за нашата желба за влез во Европската Унија и за големите жртви кои ние ги правиме во тој правец, го образложи министерката за образование својот потег дабавајќи изјава пред медиумите во Штип.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во досегашните јавни настапи во земјава не го користи уставното име на државата, исто како и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, велејќи дека нивно човеково право е да ја нарекува државата како сакаат, што предизвика остри реакции од Грција и од стратешките партнери на државата, ЕУ и САД.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаневска: Планирано е зголемување на студентскиот оброк, а судот ќе одлучи за долгот од осум милиони евра за превозот на студентите во Скопје

Следно

ФИЗИОТЕРАПЕВТКАТА БЕИРА САЛИФОСКА ЈА ПРОЧИТА „Т’ГА ЗА ЈУГ“ СО БРАЈОВО ПИСМО НА ОТВОРАЊЕТО НА 63. СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop