Загрижувачка проценка за Македонија: До 2050 година населението на Западен Балкан ќе се намали за три милиони жители

August 23, 2024
1 min read

Обединетите нации проценуваат дека населението во земјите од Западен Балкан до 2050 година ќе се намали за околу три милиони жители. Ако минатата година населението изнесуваше 16.977.000 жители до 2050 ќе се намали на 13.975.000 жители.

Според процените на ОН, населението во Република Македонија од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000, што е пад од 17,3 отсто.

Најголем пад во бројки се предвидува за Србија, која минатата година имаше 6.788.000 жители, а во 2050 година ќе има 5.554.000 односно 1,2 милиони жители помалку, што е пад за 18,2 проценти.

Додека процентуално гледано најголемо намалување на жителите ќе има во Босна и Херцеговина и во Албанија.

ОН наведува дека БиХ од 3.194.000 жители минатата година во 2050 година ќе брои 2.469.000 жители, што е за 22,7 отсто помалку, а Албанија од 2.822.000 на 2.251.000 жители, што е за 20,2 проценти помалку.

Додека населението во Црна Гора ќе забележи пад од 14,8 отсто односно од 628.000 ќе има 535.000 жители.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Висока опасност од пожари во одредени делови на Грција, надлежниот министер повикува на зголемена внимателност

Следно

Во 2050 година Македонија ќе има 1.519.000 жители

Latest from Blog

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop