Словенија: „Вакцинацијата на населението против мајмунски сипаници не е ниту потребна ниту е препорачлива“

August 22, 2024
1 min read

ЉУБЉАНА (АА) – Врз основа на расположливите податоци и проценетите ризици и придобивки, Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ) на Словенија оценува дека вакцинацијата на општата популација против мајмунски сипаници во моментов не е ниту потребна ниту е препорачлива, известува Анадолу.

НИЈЗ информираше дека во Словенија против оваа болест е достапна вакцината „jynneos“ за возрасни.

Вакцинацијата против мајмунски сипаници или „mpox“ ја вршат клиниките во подрачните единици на НИЈЗ во Љубљана, Марибор и Целје, како и Центарот за вакцинација на Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) Љубљана.

Вакцинацијата се спроведува со две дози од вакцината, а препорачаниот интервал помеѓу дозите е 28 дена. За вакцинација по изложување на вирусот доволна е една доза, информираат од НИЈЗ. Има смисла да се направи тоа што е можно поскоро, по можност во рок од четири дена (до максимум 14 дена) по изложувањето.

Се препорачува за луѓе кои биле во близок контакт со заболен, особено доколку постои поголем ризик од компликации (луѓе со ослабен имунолошки систем, трудници). Исто така, се препорачува и за мажи кои имаат секс со мажи и биле во близок контакт со заболен. Истото тоа важи и за медицинските или лабораториските работници изложени на вирусот на мајмунски сипаници во случај на несоодветна заштитна опрема или незгода.

Инаку, вакцинацијата се препорачува за лабораториски работници и многу изложени здравствени работници, на пример вработени во клиниките за полово преносливи болести. Исто така, се препорачува и за хуманитарните работници кои ќе работат во погодените области и за сите кои се изложени на зголемен ризик од изложеност на вирусот на мајмунски сипаници.

Поради појава на нова варијанта на мајмунски сипаници во Африка, Светската здравствена организација (СЗО) на 14 август прогласи јавно здравствена криза од глобални размери. Во вторникот СЗО предупреди дека појавата на сипаници не е новиот Ковид.

Инфекцијата се пренесува со контакт или телесни течности на заболеното лице, преку капки (од кивање или кашлање) при подолг близок контакт со заразено лице, како и при контакт со заразени предмети. Вирусот може да се пренесе и при контакт со заразено животно, најчесто преку глодари или примати, објаснуваат од НИЈЗ.

Клиничкиот тек на „mpox“ вирусот е обично благ. Симптоми на болеста се треска, главоболка, болки во мускулите, отечени лимфни јазли, треска и исцрпеност. Обично се развива и осип. Ова често започнува на лицето, а потоа се шири на другите делови од телото, вклучувајќи ги и гениталиите.

Повеќето од пациентите закрепнуваат за неколку недели. Ризикот од потежок тек на болеста е поголем кај малите деца, трудниците и лицата со ослабен имунитет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Голем успех на македонските јуниори-информатичари: Три бронзени медали за Македонија!

Следно

ФФМ ги одреди цените на билетите за натпреварот со Ерменија

Latest from Blog

СПРЕЧЕН ШВЕРЦ: Тоалетни води „Викторија сикрет“, чанти „Луј Витон“, цигари, мигранти… цариниците со полни раце работа (ФОТО)

Царински службеници на влез на граничен премин Табановце и на граничен премин Богородица во три случаи спречија обид за криумчарење на 442 парчиња облека. Во првиот случај при контрола на автомобил управуван

НАТО и Украина ќе разговараат по нападот со новата руска ракета

Амбасадорите на Украина и 32-те членки на НАТО денеска во Брисел ќе имаат состанок по руското истрелување минатата недела на експериментална хиперсонична ракета со среден дострел. Русија во четвртокот изврши напад врз

Пет месеци по неговиот избор: Претседателката Силјановска-Давкова ќе го прими Филипче во Вила Водно

Денеска ќе се одржи работна средба помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче и Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, извести СДСМ. Ова е прва средба на новиот претседател на СДСМ

Дел од општините сè уште немаат мерни станици – Дали воздухот во Македонија е многу позагаден отколку што мислиме?

Енормното загадување на воздухот е реалност што нè чека и оваа зима, иако не е официјално започната, речиси секој ден, освен кога има дожд и ветер граѓаните се гушат во висока концентрација
Go toTop