Во нападите на израелската Армија врз Појасот Газа во текот на ноќта се убиени 19 Палестинци

August 22, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 19 Палестинци, меѓу кои и жени и деца, се убиени во нападите што израелската Армија ги изврши во текот на ноќта во различни делови на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Според палестинската новинска агенција ВАФА, мајка и дете загинале во израелското бомбардирање на куќата на семејството Абу Дака во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.

Израелската Армија отвори оган врз палестинските шатори во делот Кан Јунис во регионот Меваси, каде што се наоѓаат многу раселени Палестинци.

Во градот Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа, убиени се 11 Палестинци, а а голем број се ранети во бомбардирањето на домот на семејството Хамуда.

Здравствени извори наведуваат дека телата на загинатите во израелските напади се донесени во болницата „Кемал Адван“ и дека повеќето од нив се жени и деца.

Изворите наведуваат дека имало и луѓе заробени под урнатините.

Како последица на нападите на израелската Армија врз куќата на семејството Ед-Дебаки во бегалскиот камп Мегази во централните делови на Појасот Газа, загинаа тројца Палестинци, а четири лица се ранети.

Три лица загинаа во израелското бомбардирање на куќата на семејството Салман во областа Тел ез-Затер во Џабалија, северно од Појасот Газа.

Многу Палестинци беа ранети кога израелската Армија ја бомбардираше куќата на семејството Ал Џадили во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа. Артилериските единици ги бомбардираа и северозападните области на кампот.

Додека израелската војска ги гаѓаше населбите Тел ел-Хева, Ез-Зејтун и Ал-Сабра во градот Газа, беспилотните летала исто така летаа ниско во регионот.

Израелската Армија продолжи да ги бомбардира источните делови на градот Деир ал Балах.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври убиени се 40.223 Палестинци, од кои најмалку 16.480 деца и 10.980 жени, а 92.981 лице се ранети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемен водостојот на Вардар кај Јегуновце

Следно

Стеф Кари е најплатениот кошаркар на светот

Latest from Blog

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop