Меџити: Уште нема конечна одлука Коалицијата „Вреди“ да стане еден политички субјект

August 21, 2024
1 min read

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање и претседател на Демократското движење која е дел од Коалицијата Вреди, Изет Меџити изјави дека веќе е отворено прашањето Коалицијата „Вреди“ да се стопи во еден политички субјект, но како што рече, уште не донеле конечна одлука.

-Отворено е ова прашање внатре во „Влен“, и пред изборите и по изборите, разговарано околу ова со контра аргументи, веќе е отворено прашање. Мислам дека заеднички заклучок е дека брендот „Влен“ е тој што направи промена во албанскиот кампус, дојдовме до победа и до промена, кога се споивме сите. Треба да се има предвид дека оваа коалиција е една година, сега значи полни една година, која направи голема работа, донесе промена по 22 години во албанскиот кампус. Едно знам дека нема ниту да форсираме, ниту да оставиме онака да тече, туку во прав момент ќе одлучиме. Во моментот значи „Влен“ е чадор на овие четири-пет политички субјекти. Кај повеќето е мислењето дека треба да биде еден политички субјект, да се стопи во едно, рече Меџити во вечерашното гостување на „Вести плус“ на Телевизија Канал 5.

Меџити потенцира дека тој не претендира да биде лидер на „Влен“ доколку коалицијата стане еден единствен политички субјект.

-Не претендирам значи да бидам лидер на „Влен“, тоа ќе оставам на процесот. До тука стигнавме заедно и со заеднички придонес на сите субјекти. И мислам дека имаме политички капацитет и демократски да го најдеме најдоброто решение и ова да биде главен фактор во албанскиот кампус, рече првиот вицепремиер Меџити.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Грчки танкер нападнат во Црвеното Море, осомничени се Хутите

Следно

Јанев: Непоколебливи сме во решеноста да ставиме ред и да обезбедиме сигурност, безбедноста на граѓаните е наш приоритет

Latest from Blog

Гаши-Папуашвили: Во периодот што следи да се интензивира соработката меѓу двете држави

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на

Светски економски форум: Македонија со раст од 14,5% во чистата енергија

Додека глобалната енергетска транзиција забавува под притисок на геополитичките кризи, високите инвестициски трошоци и недоволно развиената инфраструктура, Македонија е меѓу државите што годинава бележат најголем напредок во развојот на чистата енергија. Ова

Меџити: Објавен јавниот повик за поставување нови лифтови во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од

Коњановски ја прими сребрената медалистка Искра Нечаковска по успехот на Европската олимпијада по физика

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за ученичката Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, која освои сребрен медал на Европската олимпијада по физика, што се одржа
Go toTop