Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19

August 21, 2024
1 min read

Од 12 до 18 август во државава регистриран е 271 нов случај на болни од Ковид-19 што претставува зголемување од 60,4 проценти во однос на претходната недела. Тестирани се вкупно 608 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 33,3 проценти.

– Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 17 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 152, Кавадарци – 25, Тетово – 23 и од Охрид – 22, a највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, пишува во извештајот на Институтот за јавно здравје објавен попладнево.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најголем број случаи пријавени се во возрасната група над 60 години.

– Во текот на минатата недела, пријавено е едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Се работи за лице на возраст над 60 години, со коморбидитети, невакцинирано со вакцина против Ковид-19, појаснуваат од ИЈЗ.

Заклучно со 18 август, пријавени се вкупно 351.364 случаи на Ковид-19 од кои 23.245 реинфекции.

– Регистрирани се 167.343 машки и 184.021 женски заболени лица. Најголем број заболени се на возраст над 60 години – 90.796, додека највисок морбидитет (26.333,6/100.000) се регистрира кај возрасната група од 30-39 години, пишува во извештајот.

Комисијата за заразни болести излезе со препораки за почитување на основните мерки за превенција од Ковид-19, а министерот за здравство Арбен Таравари денска на прес-конференција поврди дека има пораст на бројот на заболени и апелираше да се почитуваат препораките од здравствените власти.

– Има пораст на бројот на регистрирани со Ковид во државава, имаше состанок и Комисијата за заразни болести и имаме заклучок од нив како треба да се третираат – треба да се придржуваме на правилата – отворени простории, да нема повеќе луѓе на исто место, хигиената да се запазува. Меѓутоа, пациентите кои се третираат на клиниките од одредена болест, а во меѓувреме се инфицираат и со Ковид, препораките се да продолжат со лекување во истата клиника, конзилијарен инфектолог да даде препорака за дополнителна терапија доколку треба. Повеќето пациенти очигледно го поминуваат асимптоматски или со многу лесна форма на симптоми, рече министерот на прес-конференција каде беа промовирани девет нови генерички лекови кои се ставаат на Позитивната листа.

Првиот случај на Ковид 19 во земјава беше регистриран на 26 февруари 2020 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Караџиќ ја тужи британската влада: „Не ми дозволуваат да зборувам српски, сакам лаптоп во ќелијата“

Следно

Од Нови Сад до Гевгелија без запирање на патарините, расте бројот на корисници на единствениот ТАГ од Отворен Балкан

Latest from Blog

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија – МБИ10 со благ пад од 0,07%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 23 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,07% и заврши на 9.949,44

Намален ДДВ, стабилни цени – Владата го ублажи ударот врз граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната

Гризман продолжува во МЛС и ќе игра за Орландо

фото: rubén (X) Ветеранот Антоан Гризман, и дефинитивно се сели во САД. Некогашниот репрезентативец на Франција ќе ги искористи овие неколку слободни денови, и ќе замине преку Атлантикот за да го комплетира

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за
Go toTop