Мицкоски: Довербата на граѓаните во правосудните органи е катастрофално ниско

August 20, 2024
2 mins read

Владата останува на ставот за потребата од коренити реформи во правосудството и за распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители. Отворена е за идеи, кои доколку се подобри од владината програма би ги примениле, изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева.

-Ние излеговме со став дека се потребни коренити промени во судството, но не го мислиме само ние тоа, го мислат и граѓаните бидејќи според сите мерења на јавното мислење, довербата на граѓаните во правосудните органи е катастрофално ниско. Ако немате правна држава, ако немате владеење на правото, ако немате обвинители и судии кои што обвинуваат по закон и Устав, тогаш ќе немате ниту економска безбедност, а кога ќе немате економска безбедност ќе немате ниту економска активност, ќе нема буџетот приходи онолку колку што се потребни за да имаме развој, а ако немате развој ќе немате среќни граѓани, среќни компании и нормално е да тие се разочараат и така разочарани да ја напуштаат Македонија. Тоа е суштината на целиот овој систем. Ние се ќе направиме да ја донесеме правдата, не смее да има граѓани од прв ред, не смее да има граѓани од втор ред, малкумина од прв ред кои се заштитени, не смее да има елита, туку мора сите да се подеднакви пред законите и Уставот, рече Мицкоски по средбата.

Тој нагласи дека средбата била по нивно барање, за како што вели, да ги слушнат нивните предлози во однос на реформите, при тоа потсети дека од него и Владата имаше повици до експертската јавност и до институциите да достават предлози за заеднички да го реформираат правосудството.

-Ние си стоиме на нашиот став, на нашата Програма, но сакаме да слушнеме и доколку добиеме подобри идеи, се разбира дека тие идеи и ќе ги примениме, тука не треба да има никаква тајна, вели Мицкоски.

Тој уште еднаш ја подвлече важноста за владеењето на правото особено за безбедноста на државата.

-Ако немате владеење на право, ако немате правна држава, ако имате високо ниво на криминал и корупција тоа е безбедносен проблем. Ние како Влада по Устав и по закон имаме основна задача да ја заштитиме државата и граѓаните доколку се појави безбедносен проблем. За нас невладеењето на правото, криминалот, корупцијата, елитите се безбедносен проблем за нашата држава и ние како Влада мораме да реагираме. Ова е период кога ќе го поминеме во собирање предлози и идеи и потоа ќе излеземе пред јавноста со конечна позиција за тоа како ги гледаме реформите. Нормално, ние си стоиме на ставот за распупштање на тие институции, за кои зборуваме целиот овој период, не очекуваме брзи резултати, но очекуваме напредок, со кој што ќе го превенираме овој безбедносен проблем кој што ни се случува поради тоа што немаме владеење на право, а имаме висок степен на корупција, нагласи Мицкоски.

На средбата премиерот Мицкоски со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, бил присутен и министерот за правда Игор Филков.

Средбата следи по бројните забелешки за работата на Судскиот совет, ниската доверба и отворениот повик на Владата за предлози за реформи во Судскиот совет.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Се испорачуваат учебниците за новата учебна година – 124 основни и средни училишта ќе учат во една смена

Следно

Мицкоски: Невладеењето на правото и криминалот се безбедносен проблем и ние како Влада мора да реагираме, тоа им го предочивме на Судскиот Совет на средбата

Latest from Blog

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки

Прекината истрагата против Додик, Стевандиќ и Вишковиќ за напад врз уставниот поредок на БИХ

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) ја прекина истрагата за напад врз уставниот поредок против поранешниот претседател на Република Српска  Милорад Додик, претседателот на Народното собрание, Ненад Стевандиќ, и поранешниот премиер, Радован

Зеленски: Германија и достави на Украина два противвоздушни системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во видео обраќање во Брисел објави дека Германија ѝ префрлила на Украина два противвоздушни системи „Патриот“. Тој го објави ова во видео обраќање до учесниците на Европскиот
Go toTop