Во нов израелски напад врз училишна зграда во Газа убиени се 12 Палестинци

August 20, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Бројот на убиени во уште еден напад што го изврши Израел врз училишна зграда во Газа се искачи на 12. Повеќе луѓе се водат за исчезнати под урнатините, а спасувачите не можат да стигнат до нив поради недостаток на опрема. Меѓу убиените има и неколку деца, јавува Анадолу.

Во училиштето Мустафа Хафез беа сместени раселените Палестинци. Локалните власти објавија дека израелската Армија извршила воздушен напад врз училиштето.

Израелската Армија соопшти дека извршила прецизен напад врз зградата во која се наоѓал контролниот центар на палестинското движење Хамас.

Во последните недели израелската Армија нападна неколку училишта во Газа, главно во истоимениот град, тврдејќи дека во нив се сместени командни центри на Хамас, што Хамас го негира. Училиштата станаа засолниште за десетици илјади бегалци откако Израел започна разорни напади на окупираната територија на 7 октомври.

Во израелски напад на училиште претходно овој месец се убиени 93 Палестинци, според властите во Газа.

Израелската Армија веќе уби најмалку 40.173 луѓе, вклучително и повеќе од 16.500 деца, во војната што избувна по нападите на Хамас и другите палестински вооружени движења во јужен Израел минатиот октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Николоски: Создавање на модерна инфраструктура е приоритет за Македонија и регионот

Следно

Барселона ќе се обиде да го доведе Рафаел Леао?

Latest from Blog

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност.

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким
Go toTop