Османи: Прво заедничка проценка за безбедноста, па отворање на мостот на Ибар

August 19, 2024
1 min read

Отворањето на мостот на Ибар во Митровица треба да се направи врз основа на план со меѓународните партнери, порачува претседателката на Косово, Вјоса Османи во интервју за косовскиот сервис на Радио Слободна Европа.

„Мораме, како што предвидува и планот за имплементација на договорот постигнат во август 2016 година, да имаме заеднички безбедносни проценки со нашите партнери, а по тие проценки и заедничкиот план ќе се одреди датумот“, вели Османи.

Повторното отворање на мостот за сообраќај на возила, кој ја дели Митровица два дела – на југ со албанско мнозинство, а на север со српско мнозинство, наиде на противење од меѓународната заедница и локалните Срби. Италијанските војници на КФОР се наоѓаат на мостот на реката Ибер, додека во негова близина се наоѓаат и припадници на косовската полиција.

Земјите од Квинтата (САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија), ја нарекоа намерата на Владата на Албин Курти за повторно отворање на мостот унилатерална. Европската унија побара прашањето за мостот да се разговара во дијалогот со Србија.

Османи во интервјуто за РСЕ порачува дека мостот мора да се отвори и неговото повторно пуштање се пролонгира осум години по ред.

„Секогаш кога Косово соработувало со партнерите, тоа било успешно“, вели косовската претседателка.

На прашањето дали ако премиерот Албин Курти инсистира на својот план да се отвори мостот тоа може да доведе до конфронтација меѓу војниците на КФОР и косовските власти, Османи вели:

„Премиерот беше многу јасен дека ќе продолжи да се координира со партнери. Јас како шеф на државата и командант на косовските безбедносни сили ќе продолжам да се координирам со партнерите. Во наш заеднички интерес е да постигнеме успех. Ќе имаме успешно отворање на мостот, кој навистина се претвора во симбол на нормализацијата на Косово“.

Според Османи, координацијата на Косово со сојузниците за мостот, ќе влијае на меѓународно ниво и ќе ја зголеми довербата и ентузијазмот за нови признавања од други држави и за членство во меѓународните организации.

Таа зборува и за санкции на Косово од Брисел велејќи дека „не може да се води дијалог“ кога една од страните е под санкции бидејќи, како што вели, го бранела својот суверенитет и Устав.

Османи смета дека работите ќе се промена со новата Европска комисија.

Во интервјуто, претседателката зборува и за постапките на Владата на Косово на северниот дел од земјата каде живее мнозинско српско население, оценувајќи дека тие се во согласност со косовскиот Устав. Сепак, нагласува дека понекогаш е потребен повеќе простор за да се разговара со граѓаните за да се разбере целта на постапките.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зошто млади и кул луѓе пак фаќаат да пушат?

Следно

Во Јапонија, одложени и откажани летови поради исчезнување ножици

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop