Повторно отворен клучниот граничен премин меѓу Пакистан и Авганистан

August 15, 2024
1 min read

ИСЛАМАБАД (АА) – Клучниот граничен премин меѓу Пакистан и Авганистан, кој остана затворен три дена по престрелките, e oтворен повторно, изјави официјален претставник денес, јавува Анадолу.

Границата Торкам, која ја поврзува северозападната пакистанска покраина Хајбер Пахтунхва со источната авганистанска провинција Нангархар, се отвори денес по престрелките меѓу граничните безбедносни сили на двете земји.

„Границата повторно е отворена утрово за патници и транспорт, откако остана затворена три дена“, изјави за Анадолу, Абдула Кан, локален пакистански службеник на границата.

Затворањето на границата Торкам, еден од двата главни премини меѓу Пакистан и Авганистан, предизвика големи загуби на веќе намалената трговија меѓу двата соседа, бидејќи Торкам е еден од најпрометните трговски патишта меѓу Исламабад и Кабул.

Обемот на трговска размена меѓу Авганистан без излез на море и неговиот јужен сосед беше најмногу погоден од терористичките напади во Пакистан за кои Исламабад ги обвинува милитантите со седиште во Авганистан, што доведе до затворање на граничните премини.

Во вторникот, Забихула Муџахид, главен портпарол на привремената авганистанска Влада, рече дека ги истражуваат извештаите за пакистански борбени авиони кои го нарушиле авганистанскиот воздушен простор додека патролирале.

Неговата изјава дојде по судирот меѓу безбедносните сили на двата соседи во близина на границата Торкам и непотврдените извештаи за пакистански борбени авиони кои патролираат во воздушниот простор на Нангархар и соседната провинција Кунар.

Исламабад ги обвинува милитантите на Техрик-е-Талибан Пакистан, со седиште во Авганистан, дека извршуваат милитантни напади во Пакистан, додека Кабул ги негира наводите дека таквите напади се изведуваат од негова територија.

Спорадичните судири меѓу војниците на пакистанско-авганистанската граница траат долго време, без прекини дури и откако талибанците ја презедоа власта во земјата разурната од војна во август 2021 година.

Пакистан и Авганистан имаат 18 гранични премини, од кои најпрометни се Торкам и југозападниот Чаман во провинцијата Белуџистан.

Авганистан не ја признава линијата Дуранд – де факто границата меѓу двете земји – со образложение дека е создадена од британски колонијал „за да ги подели етничките Паштуни“.

Исламабад останува на ставот дека линијата Дуранд е постојана граница меѓу двете соседни земји.

Границата долга 2.640 километри е воспоставена во 1893 година во согласност со договорот меѓу Индија под британска колонијална власт и Абдур Рахман Кан, тогашниот владетел на Авганистан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И Камала Харис може да е проблем за Украина

Следно

Турскиот министер за надворешни работи се состана со својот ирачки колега на разговори

Latest from Blog

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот

(Видео) Сепак постојат: Прв пат снимена ЦЕРЕМОНИЈА НА ИЛУМИНАТИТЕ

Со години, Илуминатите ја пречекоруваа границата помеѓу митот и реалноста. Гласини, теории, шепотења и фрагментарни сведоштва сочинуваа темен мозаик, но внатрешноста никогаш не беше осветлена. Сè до денес, објавува Прототема. Во новата

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех
Go toTop