Нов урбанистичкиот закон за „штанцање“ градежни дозволи

August 15, 2024
3 mins read

Измените на Законот за урбанистичко планирање ќе овозможат носење на стари ДУП-ви кои ќе предизвикаат хаос во градовите, уништување на јавниот простор и зголемен бројот на автомобили со изградба на катни гаражи, реагираат граѓанските организации.

Критиките доаѓаат откако Собранието на 13 август по скратена постапка и без да земе збор ниту еден пратеник, ги изгласа измените на Законот за урбанистичко планирање предложени од Министерството за транспорт и врски.

Граѓанските организации бараат претседателката Гордана Сиљановска Давкова да не ги потпише измените и да го врати законот на повторно разгледување, велејќи дека не смее да се донесе ваков закон без јавна расправа и учество на стручна јавност.

Според нив измените ќе имаат „големи последици врз сите“, бидејќи дозволуваат изработка на урбанистички планови според стари и неважечки закони и дозволуваат изградба на катни гаражи без донесен детален урбанистички план, туку само со урбанистички проект.

„Со законот се дозволува да нема изработено урбанистички планови за одредени подрачја уште од 2013 година и да важат штетни општи акти, како тој за Лагадин со хотелот покрај брегот, кои требало да бидат само преодна форма до изработка на урбанистички планови“, велат од граѓанската организација „О2 Иницјатива“.

Од друга страна, министерот за транспорт и врски Александар Николоски вели дека измените се во корист на општините со цел да се поедностави процедурата за изградба на училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се финансирани од државниот буџет или буџетите на општините.

„Овие измени се неопходни, затоа што доколку не ги направиме сега паралелно со ребалансот на Буџетот општините нема да можат да ги трошат средствата за проектите“, рече Николоски.

Што е спорно за граѓанските организации?

Граѓанските организации кои реагираат велат дека со новите измени на Законот за урбанистичко планирање општините ќе можат да носат застарени детални урбанистички планови (ДУП) изработени според параметри и мерења кои не одговараат на сегашноста.

„Се спомнуваат 600 урбанистички планови заглавени во постапка, а не се спомнува дека изработката на тие урбанистички планови трае повеќе од 4 ипол години и тоа по стари неважечки закони и правилници, со неточни параметри, зошто за тој период имаме нови податоци од пописот“, велат од граѓанската организација „О2 Иницијатива“.

Новите измените се спорни бидејќи го анулираат стариот Закон за урбанистичко планирање од 2020 година, велат од граѓанската организација „Го Грин“

Стариот закон предвидувал процедурата за донесување на ДУП во општините да трае максимално 4 години, односно ако некоја општина започнала процес на донесување на ДУП пред 2020 година, да биде стопирана во 2024 година. Ова со новиот закон се поништува и старите ДУП-ви може да бидат донесени.

„На пример некоја општина во 2016 година почнала да носи ДУП и ако тој ДУП се донесе во 2024, параметрите за број на жители и инфраструктура се стари и неважечки и заради тоа сметаме дека треба да се оди или со стариот закон од 2020 или ако се носи нов закон, да се донесе по нормална процедура“, вели Дарко Арсовски Петровски од „Го Грин“.

Николоски – Измените се во корист на општините

Николоски, пак, вели, дека во моментов преку 600 планови се заглавени и дека тој како министер не може да ги прифати, ниту да ги одбијам.

„Ниту Министерството може да даде позитивно и негативно мислење. (…) Ова мора да го затвориме правно што не значи, дека тие планови ќе се донесат. Може да се донесат, а може и не“, вели Николоски.

Тој додава и дека со законот се укинува досегашното правилото одреден урбанистички план да добива позитивно мислење ако Министерството за транспорт и врски не одговори со мислење во рок од 20 дена.

„Сега Министерството е основниот и главниот филтер за стопирање на сите процедури кои сметаме дека ќе го нарушуваат квалитетот на живеење“, вели Николоски.

Тој праша како ќе биде проблем да се градат катни гаражи во услови кога во половина држава тротоарите се окупирани со возила, наведувајќи дека тоа ќе биде еден од начините на решавање на сообраќајниот хаос.

„Убеден сум дека измените на Законот се во целосна корист на општините и дека правиме исклучиво добра работа“, рече Николоски.

Се носи ваков закон, а Скопје се уште нема ГУП

Но, од граѓанската организација „Го Грин“ велат со измените состојбата во градовите со урбанизмот ќе стане полоша, особено во Скопје.

„Во моментов најголемиот град во Македонија нема свој Генерален урбанистички план (ГУП) и нема најава дека во период од година ипол ќе се донесе. Ваква измена на закон во момент кога не постои ГУП во град каде живее пола Македонија, само ги одврзува рацете општините во градот да прават уште поголем хаос“, вели Арсовски Петровски.

Алармот на граѓанските организации за измените на законот доаѓа во услови кога во земјава со години се носат ДУП-ви без да се почитува мислењето на граѓаните, како што постојано укажуваат и експерти од урбанизмот.

Особено во главниот град Скопје, практиката покажува дека во процесите за урбанизацијата повеќе е важен профитот на штета на јавниот интерес.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПОЧИНА АКТЕРКАТА ЏИНА РОУЛАНДС

Следно

Владата на Талибанците во Авганистан станува главен противник на Пакистан

Latest from Blog

„Храбар и решителен“, Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја претстави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое повторно го привлече вниманието на светската јавност. Во книгата, Меркел пишува за својот приватен и професионален живот, ставајќи

Зоран Заев е единствениот политичар од Балкан што Меркел го споменува во нејзините мемоари

„На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’, објави Михаел Мартенс, прославениот новинар на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

Македонија ги промовира своите позиции – уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на

Нетанјаху ќе го достави договорот за прекин на огнот со Либан на одобрување пред кабинетот за безбедност

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетатајаху изјави дека до кабинетот ќе го претстави нацрт-договорот за прекин на огнот со Либан, известува Анадолу. Нетанјаху објави видео-порака во која истакна дека времетраењето на

Мицкоски ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија
Go toTop