Над 2.000 еврејски доселеници, меѓу кои и израелскиот министер Бен-Гвир, упаднаа во џамијата Ал Акса

August 13, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Над 2.000 илегални еврејски доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс) утрово, под силна заштита на израелските војници, за да извршат верски ритуал. Упадот предизвика тензии кај палестинските муслимани присутни на светото место, јавува Анадолу.

Речиси 2.250 еврејски доселеници влегоа во комплексот и спроведоа талмудски религиозни ритуали, соопшти Одделот за исламски вакаф, раководен од Јордан.

Исто така, соопштено е дека еврејските доселеници вееле израелски знамиња упаѓајќи во комплексот на џамијата.

Упадот на доселениците во комплексот на џамијата Ал Акса дојде како одговор на повикот на екстремистичките еврејски групи за одбележување на Тиша Б’Ав, годишниот еврејски пост кој одбележува појава на неколку катастрофи во еврејската историја, објави палестинската државна новинска агенција Вафа.

Доселениците упаднаа во џамијата преку западната порта Ал-Мугарба, рута која често се користи за време на таквите упади.

Израелските сили ги затворија патиштата што водат до Стариот град на Ерусалим, распоредија стотици војници и ја претворија областа во „воена касарна“ воведувајќи строги ограничувања за Палестинците кои се обидуваа да влезат во џамијата, јави новинската агенција.

Џамијата Ал Акса се смета за трето најсвето место во исламот. Евреите ја нарекуваат оваа област Планина на храмот, верувајќи дека тоа е локацијата на два древни еврејски храма.

Израел го окупираше Источен Ерусалим (Источен Кудс), каде што се наоѓа Ал Акса, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Во 1980 година, Израел го анектира целиот град, потег што меѓународната заедница никогаш не го прифати.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фокскон ангажираше дополнителни 50.000 работници пред лансирањето на Ајфон 16

Следно

Да не се хиспаносите САД нема да мрдне со популација

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop