Туркије испрати два авиони и хеликоптер за гаснење на шумските пожари во Грција

August 13, 2024
2 mins read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли, изјави дека два авиони и еден хеликоптер се испратени да интервенираат во гаснењето на шумските пожари во Грција, јавува Анадолу.

Јумакли на социјалните мрежи се огласи за шумскиот пожар во соседна Грција.

Тој истакна дека турската Влада одлучила да испрати авиони за да помогне во гаснењето на пожарите во Грција.

„Нашите два авиони и еден хеликоптер полетаа утринава за да интервенираат во гаснењето на шумскиот пожар во Грција. Им посакувам среќа на нашите колеги кои работат под мотото ‘Шумите се заедничко светско наследство’. Би сакал во оваа прилика исто така да упатам и најдобри желби до нашиот сосед Грција“, изјави турскиот министер.

Пожарите во Грција, што се проширија во предградијата на Атина, предизвикаа смрт на едно лице. Се вели дека станува збор за жена која починала во продавница во градот Врилисија, северно од главниот град Атина. Неколку илјади луѓе беа евакуирани.

Портпаролот на пожарникарите Василиос Ватракогијанис рече дека повеќе нема активен огнен фронт во регионот Атика, кој ја опфаќа и Атина, туку „неколку активни локализирани пожари“, главно околу градовите Маратон и Пентели.

Синоќа тој додаде дека состојбата и понатаму ќе биде опасна и дека условите за нови пожари ќе траат не само во вторник туку и неколку денови во неделата.

Пожарот го гаснат повеќе од 700 пожарникари со 199 возила и 35 авиони и хеликоптери.

Според Ватракогијанис, на двајца пожарникари им била укажана помош поради изгореници.

Првиот пожар избувна во неделата попладне на околу 35 километри северно од Атина, а вчера избувна на 40 различни локации. На некои места пламените јазици биле високи и до 25 метри.

Жителите на Атина почнаа да носат маски за да се заштитат од чадот што беше внесен во градот. Авионите морале да престанат со работа синоќа, но на терен гаснењето на пожарот продолжило и ноќе.

Сателитските снимки од Грчката национална опсерваторија покажаа дека пожарот веќе зафатил околу 405 квадратни километри територија.

Во пошуменото ридско подрачје на Пентели требаше да се евакуираат три болници. Пожарот ја зафатил и фабриката за преработка на дрво, а експлозии се слушнале и на други места во околината, најверојатно резервоари за гориво и плински боци на жителите.

И покрај опасностите, дел од жителите на Пентели останаа блиску до своите домови и се обидоа да изгаснат помали пожари.

Условите на терен сѐ уште се исклучително тешки, а работата на пожарникарите особено ја отежнува силниот ветер и сушата.

Поради тоа Грција вчера побара помош од Европската Унија. Со ова веќе е активиран механизмот во областа на цивилната заштита во кој Италија, Франција, Чешка и Романија ќе ѝ помагаат на Грција во гаснењето на пожарите со противпожарни возила, камиони и хеликоптери, како и со авиони.

За помош на тамошните пожарникари веќе пристигнаа колеги од Молдавија, а се очекува помош и од Шпанија.

Грција годинава го доживеа најтоплиот јули откако се собираат податоци. Климатските промени го зголемуваат ризикот од топло и суво време.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аналитичари: Терористите на ПКК претставуваат закана за безбедноста на Ирак

Следно

Кирби: Ако на Путин не му се допаѓа тоа што се случува во Курск, може едноставно да си оди од Украина

Latest from Blog

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист најтргувани на денот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 22 декември 2025 година, индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи ниво од 10.114,76 поени,

Храна која го олеснува живеењето ВО УСЛОВИ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

Во текот на зимските месеци, жителите на урбаните средини многу често се изложени на зголемени концентрации на загадувачки материи во воздухот, што неповолно влијае првенствено врз респираторните и кардиоваскуларните функции. Покрај стандардните

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин
Go toTop