Муцунски – Агелер: Одржување континуитет во политичкиот дијалог меѓу двете земји и партнерска соработка во рамки на НАТО

August 6, 2024
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на САД Ангела Агелер, на која беше претставен и новоименуваниот заменик шеф на мисијата во Скопје Никол Варнес.

Во рамки на средбата, како што информира ресорното министерство, Муцунски ја повтори благодарноста за долгорочната поддршка од страна на Соединетите Американски Држави за севкупните реформски процеси во земјата.

– Заемно беше потврден интересот за одржување на континуитет во политичкиот дијалог помеѓу двете пријателски земји, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и партнерската соработка во рамки на НАТО Алијансата, се вели во соопштението.

При тоа, како што се наведува, беше реафирмиран силниот фокус на новата Влада кон забрзување на евроинтегративниот процес на земјата и испорачување на реформи кои ќе значат опиплив напредок за граѓаните, пред се во делот на обезбедување економски развој и унапредување на владеењето на правото, како и борбата со корупција. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонски полицаец внесувал милиони фалсификувани евромонети во Косово

Следно

Бројот на убиени во Газа се искачи на 39.653 откако Израел уби уште 30 Палестинци

Latest from Blog

Руски воени бродови пристигнаа во Кина; Наскоро треба да започнат заеднички вежби

Веста беше објавена во недела од страна на кинеското Министерство за одбрана и руските државни медиуми, објави Ројтерс. Во соопштението се наведува дека вежбите се одржуваат секоја година „со цел заедничко справување

Голем пожар во Кисела Вода

Голем пожар избувна попладнево во објект на Јужен булевар во скопската населба Кисела Вода, а густ црн чад се гледа од повеќе делови на главниот град. Директорот на Дирекцијата за заштита и

Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид

Тимот на Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч. Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната

Нежната срна спасена, но со тешки последици сега живее на село, со мало јаре спасено од колење

Срната била пронајдена во житно поле во Кичевско, од двајца работници на ЕВН, со две речиси пресечени нозе и една тешко повредена. Според Здружението за заштита на животните „Анимал рескју проект“, некој
Go toTop