Ердоган најави дека Туркије утре ќе ја предаде документацијата за приклучување кон тужбата против Израел за геноцид

August 6, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, најави дека оваа недела земјата ќе ги поднесе потребните барања за вклучување во процесот на тужбата за геноцид против Израел пред Меѓународниот суд на правдата, јавува Анадолу.

„Во среда нашиот парламентарен правен тим ќе ја поднесе нашата петиција и досието за приклучување кон случајот за геноцид против Израел до Меѓународниот суд на правдата во Хаг“, рече Ердоган во обраќањето до нацијата по седницата на Кабинетот во Анкара.

Ердоган најави и дека во наредниот период турските власти ќе продолжат да го поддржуваат деловниот свет со добро проучени нови пакети што ќе придонесат за турската економија.

Тој ги коментираше и меѓународните теми, велејќи дека војната меѓу Русија и Украина трае веќе две и пол години и дека крајот на конфликтот сѐ уште не се гледа на хоризонтот и дека Туркије сѐ уште се залага за мирно решение преку дијалог.

Тој најостро ги осуди континуираните израелски напади врз Појасот Газа, како и атентатот врз лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран.

„Туркије прави сѐ што е во нејзина моќ што побрзо да стави крај на варварството што ги однесе животите на 40.000 невини луѓе во Газа во последните десет месеци“, рече Ердоган.

Тој нагласи дека Република Туркије со сите свои ресурси стои покрај Палестина и палестинскиот народ во овие тешки денови на борбата за нивна егзистенција.

„Без оглед на злосторствата што ги прави оваа крвожедна мрежа на геноцид, тоа нема да ги спречи Туркије и турскиот народ да застанат во солидарност со Палестинците“, порача Ердоган.

Турскиот претседател, исто така, рече дека западните актери, предводени од САД, станале „заложници“ на Израел и шака фанатични ционисти.

Во оваа пригода Ердоган ѝ се заблагодари на турската разузнавачка служба (МИТ) за минатонеделната успешна меѓународна размена на затвореници, која беше спроведена во Анкара со учество на седум земји и која се смета за најголема таква размена од завршувањето на Втората светска војна.

Тој потсети дека се разменети 26 лица од затворите во САД, Германија, Полска, Словенија, Норвешка, Русија и Белорусија и дека МИТ извршил беспрекорна операција и му дал одличен пример на светот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските команданти предложија превентивен напад врз Либан, воениот кабинет одби

Следно

Македонски полицаец внесувал стотици илјади фалсификувани евромонети во Косово

Latest from Blog

Америка вечерва ги нападна иранските сили во Ормуз, ИРАН ВОЗВРАТИ КОН АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ ВО ЈОРДАН (ВИДЕО)

Американските сили вечерва нападнаа ирански ракетни лансери на островот Ларак во Ормутскиот теснец, објавија американските претставници. Ова е првиот американски воен напад врз Иран во последниот месец. Два лансери управувани од членови

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи
Go toTop