Донации од граѓаните за настраданите од пожарите

August 5, 2024
2 mins read

Македонските граѓани се мобилизираат за да им помогнат на настраданите во пожарите во источна Македонија, со донации на хуманитарен пункт кој беше отворен денеска (5.8). Во седиштето на Конфедерација на Синдикалните организации на Македонија се донира облека, средства за одржување и хигиена, обувки, душеци, постелнина…

Помош во средства за чистење

Помош во средства за чистење

Акцијата здружено ја водат „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерација на Синдикалните организации на Македонија (КСОМ) и Интернационална Полициска Организација (ИПО).

„Сакаме да помогнеме на цела Источна Македонија, но прво во Свети Николе, бидејќи во овој момент таму се најзагрозени. Има и изгорени куќи, секако дека на тие луѓе треба да им се помогне“, вели Лазо Костовски, претседател на независен синдикат на Геријатрија.

Донирани ќебиња и постелнина

Донирани ќебиња и постелнина

Планот е донациите да се однесат во триесетина села и да помогнат на околу 400 домаќинства. Во моментов, има потешкотии со превозот. Користат сопствени возила за да се снајдат, но потребен е поголем капацитет.

„Се јавуваат граѓани кои сакаат да донираат мебел, а не можат да го донесат во пунктот. Па се трудиме да се организираме некако“, вели Ејуп Акија, претседател на Меѓународна полициска организација ИПО.

Дел од донираните обувки

Дел од донираните обувки

Во контакт се со градоначалникот на Свети Николе и велат дека на граѓаните таму најмногу им треба облека, обувки, кревети, душеци. Но, и репроматеријали како цемент, греди, табли и општо градежен материјал за да ги изградат нивните изгорени домови.

„Прво треба да обезбедиме возило за да се транспортира донираното. Веќе сме во преговори со Црвен Крст на Град Скопје и ако има слободен камион ќе ни излезат во пресрет. Во план е поставување на пунктови и пред големите маркети низ општините“, додаде Костовски.

Донирани душеци за настраданите во пожарите

Донирани душеци за настраданите во пожарите

Освен во Скопје, се донира и во други градови. Дел од помошта собрана во Велес уште утрово тргна кон Свети Николе.

Помош од Велешани

Помош од Велешани

„Навистина сме задоволни од одзивот на граѓаните. Не очекувавме дека за толку кратко време ќе собереме толку многу донации“, истакна претседателот на независен синдикат на Геријатрија.

Транспорт на хуманитарна помош од Велес до Свети Николе

Транспорт на хуманитарна помош од Велес до Свети Николе

Во „хуманитарни акции.мк“ им најавиле донации од целата држава и од дијаспората. Па потребно ќе биде вклучување на повеќе луѓе за да се сортираат донациите и да бидат соодветно транспортирани.

„Изминативе две седмици ние веќе праќаме донации, но сега се окрупнуваме со главен хуманитарен пункт. Веќе имаме душеци, перници, пелени, облека, лекови. Секоја помош ни е моментално потребна, затоа што сме во период кога да речеме половина од населението е на одмор“, изјави Владимир Чолаковски од хуманитарната организација.

Тие веќе имаат облека, храна, лекови во залиха бидејќи работат на ова поле 25 години. Се координираат преку форум групи на социјалните мрежи.

Хуманитарна помош во главниот пункт, во седиштето на КСОМ

Хуманитарна помош во главниот пункт, во седиштето на КСОМ

За КСОМ и ИПО ова е прво искуство со здружување сили за хуманитарна акција. Велат, ќе го прават ова додека има потреба, но опција е да стане и традиција. Односно, да им помагаат на други социјално загрозени граѓани откако ќе помине овој период кога треба да им се помогне на загрозените од пожарите.

Извор: Радио Слободна Европа

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манчестер, банкрот, банкрот

Следно

Британскиот премиер претседаваше со итен состанок Кобра поради немирите на крајната десница

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop