Британскиот премиер претседаваше со итен состанок Кобра поради немирите на крајната десница

August 5, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Британскиот премиер Кир Стармер денес претседаваше со итен состанок Кобра со високи полициски функционери поради немирите од крајната десница што избувнаа низ градовите во Велика Британија, јавува Анадолу.

Над 150 лица беа уапсени за време на насилните нереди во различни градови во Велика Британија во текот на викендот.

Насилството, кое ги одбележа едни од најлошите немири во Велика Британија во последниве години, избувна како одговор на фаталниот напад со нож врз три млади девојки во Саутпорт минатата недела.

Полицијата беше повикана поради насилствата во Ротерам, Мидлсброу, Болтон и уште неколку града во земјата во текот на вчерашниот ден.

Во своето вчерашно обраќање до нацијата, Стармер го осуди „насилството на крајната десница“ и вети дека насилниците ќе „зажалат“ за своите постапки.

Тој вети дека инволвираните „ќе се соочат со целата сила на законот“.

На состанокот Кобра премиерот ги собра високите претставници на Кабинетот на разговори за чекорите на Владата и полицијата за тековните немири.

Неодамнешниот пораст на насилството поттикна повици од сѐ поголем број пратеници за вонредна седница на Парламентот за немирите.

Последен пат Парламентот одржа вонредна седница летото 2021 година за време на евакуацијата на британските сили од Авганистан.

Пратеничката од лабуристите Дајан Абот преку X порача: „Досега невидени национални антиимигрантски немири од невидени размери.“

Лидерот на Реформ УК и пратеник за Клактон, Најџел Фараж, побара од пратениците да се вратат во Парламентот, велејќи: „На краток рок ќе ги смириме немирите, но подлабоките долгорочни проблеми остануваат.“

Во текот на викендот повици за вонредно заседавање на Парламентот пристигнаа од двете страни на политичкиот спектар.

Кандидатот за лидерската позиција на ториевците Дејм Прити Пател и левичарската пратеничка Зара Султана ја истакнаа итноста на ситуацијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Донации од граѓаните за настраданите од пожарите

Следно

Мицкоски – Курти : Нема нарушени дипломатски односи, инцидентот на аеродромот ќе се расветли

Latest from Blog

Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица

Мултилатералните развојни банки воспоставија нова рамка за соработка со цел да ја зајакнат поддршката за снабдувањето со критични суровини, од ископ на руда и преработка до производство и рециклирање. Меѓу институциите што

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи во Соединетите Американски Држави и добитник на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“, присуствуваше на вечера на имотот Мар-а-Лаго во Флорида, каде што лично

Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!

 Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД. Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“.

Евростат: Македонија со најниско ценовно ниво на храната и безалкохолните пијалаци

Храната и безалкохолните пијалаци во Македонија се 25,2% под просекот на Европската Унија. Најголема разлика има кај овошјето и јаткастите плодови, лебот и житарките, додека цените на маслата и мастите се најблиску
Go toTop