(ВИДЕО) Тинејџер извлечен од урнатините по четири дена: „Пиев урина, тоа ме спаси“

February 10, 2023
1 min read

Спасувачите го извлекле Аднан Мухамед Коркут од подрумот каде што бил заробен од понеделникот

Тинејџер рано изутринава неповреден бил извлечен од урнатините на една зграда во турскиот град Газиантеп, четири дена по катастрофалниот земјотрес.

Спасувачите го извлекле Аднан Мухамед Коркут од подрумот каде што бил заробен од понеделникот. Седумнаесетгодишникот се насмевнал на толпата пријатели и роднини кои го скандирале неговото име, ракоплескале и плачеле додека спасувачите го носеле и го ставале на носилки.

„Фала му на Бога што стигнавте. Ви благодарам на сите“,

рекол тој, гушкајќи ја мајка си и другите кои се наведнале да го бакнат и прегрнат додека го товареле во амбулантното возило.

Тинејџерот рекол дека бил принуден да ја пие сопствената урина за да ја задоволи жедта.

„Така успеав да преживеам“,

рече тој.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нов социјален пакет за помош на социјално загрозените граѓани во Гази Баба

Следно

ЗЕМЕТЕ СÈ, ЗАРАБОТИВ ДОВОЛНО ОД НЕГО – сопственик на турски дуќан ја донираше целата роба (ВИДЕО)

Latest from Blog

Во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на романот „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Вечерва во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се случи промоцијата на актуелниот роман „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков. Авторката и психологот/психотерапевт Марија Стефанова ќе ја претстават содржината на овој кус, но

Велика Британија, Франција и Германија го осудија продолженото израелско блокирање на помошта за Газа

ЛОНДОН (АА) – Велика Британија, Франција и Германија денес го осудија продолженото блокирање на хуманитарната помош за Појасот Газа од страна на Израел, барајќи итно обновување на непреченото доставување на помошта и

Ќе се доцни ли со правосудните реформи? Мицкоски: Обвинителството и судството се неми и неефикасни

Премиерот Христијан Мицкоски повторно ги критикуваше обвинителите и судиите. На дебата посветена на реформската агенда усогласена со Европската Унија, тој истакна дека не може да има европско општество ако обвинителот бира по
Go toTop