Ердоган повика на акција со цел муслиманите и христијаните во Палестина да најдат мир

August 1, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес повика на акција „како сојуз на човештвото, пред да биде предоцна муслиманите и христијаните што живеат во Палестина да најдат мир“, јавува Анадолу.

Тој оствари телефонски разговор со папата Франциск, соопшти Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство.

„Атентатот врз Исмаил Ханије, шеф на Политичкото биро на (Палестинското движење) Хамас, и нападот во Либан покажуваат дека Израел претставува закана за целиот регион, светот и човештвото“, рече турскиот претседател за време на разговорот со духовниот лидер на католиците во светот.

Ердоган рече дека верува оти разговорите на папата Франциск со земјите што го поддржуваат Израел со цел да ги запре нападите и да се постигне траен мир ќе бидат од корист пред да се нанесе трајна штета на политичката, безбедносната и социјалната структура на регионот и на светот.

Тој истакна дека тековните израелски напади врз Газа се претворија во „геноцид“, додавајќи дека таму владее сериозна хуманитарна криза.

Израел ги извршува своите масакри под дипломатски, економски и воен чадор обезбедени од одредени држави, рече Ердоган.

За контроверзните сцени на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз, Ердоган рече:

„Неморалните сцени на отворањето на Олимписките игри во Париз предизвикаа гнев и реакции.“

Турскиот претседател посочи дека под превезот на слободата на изразување се гази човечкото достоинство, се исмеваат верските и моралните вредности, нагласувајќи дека тоа ги навредило муслиманите исто колку и христијанскиот свет.

Ердоган изрази уверување дека е неопходно заеднички да се крене гласот и да се заземе заеднички став во овој поглед.

Тој, исто така, рече дека непочитувањето на верските вредности за време на церемонијата на отворањето на Олимпијадата го активирало „алармот за моралниот колапс во кој се вовлекува светот“.

Папата Франциск од своја страна му се заблагодари на претседателот Ердоган за неговите напори за мир и неговата чувствителност за непочитувањето на верските вредности.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Размена на затвореници меѓу Русија, САД и други земји

Следно

Израелската армија тврди дека го убила и воениот шеф на Хамас – Мохамед Деиф

Latest from Blog

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.
Go toTop