АКАДЕМИК ЌУЛАВКОВА ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ ЗА НАЈДОБРА ПОЕЗИЈА МЕЃУ ДВЕ ИЗДАНИЈА НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ

August 1, 2024
1 min read

Поетесата и академик Катица Ќулавкова е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“, што се доделува од Струшките вечери на поезијата (СВП) за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија, соопшти денес Фесивалот.

Ќулавкова е наградена за нејзината поетска збирка „Небото ми е дома“ (Духовна поезија) во издание на Струмичка православна епархија. Таа по вторпат е добитничка на ова највисоко признание, откако во 1989  ја доби „Браќа Миладиновци“ за стихозбирката „Жедби“.

Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав: Ефтим Клетников (претседател), Весна Ацевска, Глигор Стојковски, Александра Јуруковска и Дарин Ангеловски (членови). На конкурсот пристигнале 53 книги и во потесен круг од пет книги влегоа и збирките:  „Грозје од кукавица“ од Славе Ѓорго Димоски (издание на ПНВ публикации), „Килибар и младост“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска (издание на Макавеј), „Додека спиеш“ од Биљана Стојановска (издание на „Чудна Шума“) и „50 испеани приказни“ од Александар Русјаков (издание на „Три“).

„Најновата стихозбирка на Катица Ќулавкова ‘Небото ми е дома’ се протега во еден специфичен поетски ареал, од авторката определен како простор на духовна поезија, која е заснована на експресивна трансмисија на набожни чувства и мисли во стихови, користејќи притоа низа поетски средства како што се митските слики, симболите, реминисценциите, алегориите, метафорите и метонимиите, па и користење на одломки од најзначајни сакрални интертекстови, поезија која воедно се потпира и на ритамот, алитерации и асонанции и на други јазични игри и фигури кои го зајакнуваат нејзиниот севкупен естетски интензитет“, стои во одлуката.

Ќулавкова, поетеса, есеистка, теоретичарка на книжевноста, од 2003 е редовна членка на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), членка на Европската академија на науките и уметностите (Салцбург) и потпретседателка на Меѓународниот ПЕН. Била универзитетска професорка по теорија на книжевноста на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има објавено 16 книги поезија на македонски, 18 преводи на нејзината поезија (англиски, француски, турски, италијански, хрватски, романски, португалски, руски, словенечки, бугарски, српски и други), две збирки куса фикција и една поетска драма, како и над триесет хрестоматии, антологии, критички изданија и друго. Има преведено есеи, поезија и книги од француски на македонски јазик .

Струшките вечери на поезијата оваа година ќе се одржат од 22 до 26 август.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Преку Убер, Европа ќе се полни со кинески електрични коли

Следно

Размена на затвореници меѓу Русија, САД и други земји

Latest from Blog

Јувентус и Борусија (Д) во финална битка за Волтемаде

фото: Newcastle United (X) Јувентус е во преговори со Њукасл Јунајтед за ангажман на германскиот напаѓач Ник Волтемаде на позајмица. Според италијанските медиуми, клубовите разговараат за едногодишна позајмица со надомест од околу

Иран ги нападна американските воени бази во Јордан- Трамп се закани со одмазда

„Ќе ги погодиме силно. Ќе има одговор“, потврди Трамп во телефонски разговор со Треј Јингст од Фокс њуз. Тој истакна дека американските системи за воздушна одбрана ги пресретнале сите освен една од

Меси го објави своето повлекување од репрезентацијата на Аргентина

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лионел Меси објави дека ја завршува репрезентативната кариера и повеќе нема да игра за Аргентина. Капитенот на „гаучосите“ одлуката ја соопшти преку емотивна порака на социјалните мрежи, по повеќе од 20

Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници – Киев тврди дека станува збор за планирана кампања

Во нападот целосно бил уништен погон во кој требало да се испечатат околу 1,3 милиони учебници, што претставува приближно 10 отсто од сите учебници планирани за печатење во украина, објави Би-Би-Си. Комерцијална

Коњановски: Битолските училишта подготвени за новата учебна година

Училиштата во Општина Битола се целосно подготвени за утрешниот почеток на новата учебна 2026/2027 година, информираше денеска градоначалникот Тони Коњановски на прес-конференција. Коњановски истакна дека во текот на летниот распуст се реализирале
Go toTop