„Атентатот на Исмаил Ханије е државен тероризам“

July 31, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Првиот заменик-претседател на Иран, Мохамад Реза Ариф, изјави дека убиството на шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран е државен тероризам, пренесува Анадолу.

Иранската новинска агенција ИРНА јавува дека Ариф изразил сочувство до палестинскиот народ и Хамас за убиството на Ханије.

„Убиството на Ханије е манифестација на државен тероризам и една од последиците на молкот на меѓународната заедница, соочена со тековните злосторства на ционистичкиот режим и отвореното и континуирано кршење на меѓународните прописи“, рече Ариф.

Иранскиот функционер предупреди дека ваквиот развој на настаните ќе доведе до нови кризи во регионот и на меѓународно ниво.

Хамас рано утринава објави дека нејзиниот политички лидер Ханије е убиен во израелски воздушен напад врз резиденцијата во којашто престојувал во Техеран.

Ханије беше во Техеран за да присуствува на церемонијата за инаугурација на новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан.

Иран и Хамас рекоа дека атентатите ги извршил Израел, а израелските власти се воздржуваат од коментар за случајот.

Ханије беше на чело на Политичкото биро на Хамас од 6 мај 2017 година на местото на Калид Мешал.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НА ИЛИНДЕН ВО ОХРИД СЕ ОТВОРА РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА ГОЛЕМИОТ СЛИКАР ВАНГЕЛ НАУМОВСКИ ЗА 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО

Следно

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе ја посети Туркије на 14 и 15 август

Latest from Blog

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат
Go toTop