Гори источниот дел на Северна Македонија

July 30, 2024
2 mins read

Околу 30 пожарите на отворено денеска (30 јули) се регистрирани во Северна Македонија, покажуваат последните податоци на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Досега пожарите однесоа еден човечки живот, а материјалните штети дополнително ќе се утврдуваат.

Најкритично е во источниот дел на државата каде има неколку големи жаришта.

Огнот блиску до првите куќи во Пехчево

Едното е кај Пехчево. Црковните ѕвона во ова гратче на крајниот Исток на државата попладнево се вклучија во знак на предупредување за жителите да бидат подготвени за евентуална евакуација. Пожарот над тамошното село Негрево, кој вчера беше ставен под контрола, денеска повторно се разгоре и стигна над првите куќи во градот.

Градоначалникот Александар Китански апелираше населението да се вклучи во гаснењето бидејќи „благодарение“ на ветрот пламените јазици се шират во правец на градот.

„Почитувани граѓани, сите кои можат нека се приклучат во гаснењето на пожарот“, апелираше Китански.

На терен, како што информираа локалните власти, излегоа сите служби – екипи на доброволното противпожарно друштво од Пехчево, пожарникари од соседното Берово и месното население, како и вработени во „Национални шуми“. Во гаснењето имаат и помош од авион.

Оган беснее и во светиниколско

Регионот на Свети Николе е уште едно жариште во пожарите во Северна Македонија. Таму пламените јазици од вчера проголтаа 40-тина куќи во неколку села.

Денеска се организираше и спасувачка акција за седум лица кои биле заглавени во куќа која се наоѓала среде огнен обрач во селото Стројменци.

„Лицата безбедно се евакуирани откако најпрво полициски хеликоптер фрлил вода врз огнениот обрач, направил дупка во огнот низ која брзо влегле пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе и со возила низ огнениот обрач ги извлекле животно загрозените седум лица“, соопштија од ЦУК.

Орел, Ранчаници, Немањици, Малино се дел од селата кои досега беа погодени од пожарите во светиниколско.

Критична точка имаше и на југот на земјата, во Стар Дојран каде се запали депонијата од каде пожарот се прошири.

„Мислам дека пожарот е подментат, имаме и сведоци. Од депонијата проради ветрот пожарот веднаш се проширил на околната нискостеблеста вегетација. Притоа загрозил неколку куќи. Лично бев, ги погледнав, две куќи се. Би рекол само зафатени од огнот, но не се оштетени. Најважно е што немаме изгорени куќи, немаме повреднеи“, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во јавувањето во живо во вестите на Канал 5 ТВ.

Овој пожар, како што рече Ангелов, е под делумна контрола.

Лоша е состојбата во државата, гори цела Источна Македонија, рече тој давајќи оценка за состојбата со пожарите.

Прва жртва од пожарите во Кумановско, апели до населението

Информацијата која вчера првично ја соопшти ЦУК – дека во кумановското село Кокошиње е починат човек откако пожар ја зафатил неговата куќа, денеска ја потврди и Министерството за внатрешни работи.

Загина 75-годижен маж. Неговата сопруга од куќата ја извлекол нивниот внук.

Претходно во текот на денот, надлежните упатија и апел до граѓаните да бидат внимателни.

Ангелов во видеообраќање од терен повика сите граѓани кои живеат во полунапуштени села итно да се евакуираат доколку слушнат дека во нивна близина има активен пожар. Порача граѓаните да не чекаат огнот да дојде до селото, освен ако не е организирана одбрана на селото од страна на локалните власти.

„Да не чекаат до последен момент и да не се изложуваат на непотребен ризик по нивниот живот. Нови куќи ќе се направат, но животот на луѓето не може да се врати“, апелираше Ангелов.

Тој соопшти и дека повторно е активиран ЕУ механизмот за заштита и спасување и побарана е помош во воздухоплови.

Засега нема информации кога би пристигнала помош од странство за гаснењето пожари.

Пред десетина дена во Северна Македонија неколку дена беа присутни хеликоптери и авиони за гаснење пожари и од земјите од регионот, како Словенија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Романија.

Во екот на топлотниот бран што го зафати регионот во јули, пожарите во Северна Македонија опустошуваат стотици хектари. Од 14 јули Владата прогласи и кризна состојба. Во гаснењето на пожарите вклучена е и Армијата и полицијата.

Извор: Радио Слободна Европа

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Седум лица се евакуирани во светиниколско каде биле заглавени поради пожарите

Следно

Израел изврши воздушен напад врз Бејрут

Latest from Blog

Роџерс повеќе не е менаџер на Селтик

Брендан Роџерс повеќе не е на чело на тимот на Селтик, откако искусниот стратег си поднесе оставка на оваа функција. Дермот Дезмонд, човекот кој што го има најголемиот пакет акции на клубот,

ВИДЕО Ураганот се приближува кон Јамајка: „Ова е последна шанса да ги заштитите вашите животи!“

Најсилната бура оваа година, ураганот Мелиса, се засилува пред да стигне до копно. Моментално е ураган од категорија 5 со ветрови до 184 милји на час, што го прави еден од најсилните

Месечен хороскоп за ноември

Дознајте што ве очекува во ноември 2025 година на полето на љубовта, работата и здравјето. Месечниот хороскоп за ноември 2025 година ве води низ космичките влијанија што го обликуваат вашиот живот во

Дронови и во вториот круг: Јанев дециден, нема толеранција за ниту едно незаконско дејствување

Информација за актуелната безбедносна состојба и за сите предизвици со кои полицијата се соочува на терен во пресрет на вториот круг од локалните избори добил директорот на БЈБ, Александар Јанев. Тој денеска,
Go toTop